Временска прогноза
Од утре до вторник значително постудено време со повремени локални врнежи од дожд

Од утре па се до вторник времето ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе идат поинтензивни и ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. На повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.
Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец, со што услови за врнежи од дожд и снег ќе има и на некои места со помала надморска височина. Постабилно време ќе имаме од вторник.
Температурите на воздухот од недела па натаму ќе бидат пониски дури за повеќе од десет степени во споредба со сегашните и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени, додека наутро истите понекаде ќе се спуштаат под нулата, со што на некои места ќе има појава на мраз, особено на повисоките и планинските места.
Исто така да напоменеме дека овие температури кои се очекуваат од утре ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.
Автор: Славчо Попоски за Еспресо.мк
Временска прогноза
Денес во Македонија продор на свежина од север, ова се метео информациите

Поради продор на посвежа воздушна маса од север, во Македонија ни следуваат многу попријатни температури на воздухот, како и намалување на интензитетот на топлиот бран од Африка кој овие денови ја зафати нашата Македонија.
Сето ова ќе услови повремено да дува засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе имаме локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Појава на некое големо невреме овој пат за среќа не очекуваме, што значи дека се работи за значително помала нестабилнот за ралика од минатиот пат, кога беше многу нестабилно.
Температурите во следните денови ќе бидат многу попријатни и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени, додека во Скопје максималната температура на воздухот ќе се искачува до околу 32/33 степени, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Алармот е вклучен, денес ќе имаме најтопол ден од почеток на 2025-та година!

Денес (недела 8 јуни) во Македонија топлотниот бран од Африка ќе го достигне својот максимум и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачи до околу 37 степени.
Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вреднот и ќе изнесува коефициент 8.
Денешниот ден ќе биде и најтоплиот ден досега оваа 2025 година, доцна вечерва истакна метеорологот Славчо Попоски од Метеоаларм.
Временска прогноза
Попоски апелира за локална дестабилизација со пороен дожд, ова се информациите

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух во висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, во Македонија следува локално дестабилизирање на атмосферата.
Во ваква ситуација, деновиве во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност.
Поради загреаната атмосфера исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на крупен град.
И во делови од Скопскиот регион следува развој на грмотевични облаци со поројни врнежи од дожд, силен ветер, електрични празнења (во форма на невреме), особено од утре (четврток 5 јуни).
Што се однесува до температурите, до крајот на оваа недела ќе бидат без промени во однос на оние кои ги имаме сега.
– Апелирам, во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, однсоно, да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, вели Славчо Попоски
-
Кичево1 ден
Жива е Македонија! Кичевските полуматуранти од ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ со оро ги развиорија македонските знамиња!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (10 јуни)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (11 јуни)
-
Скопје1 ден
МВР: Млада охриѓанка вработена во скопско казино пронајдена без знаци на живот
-
Временска прогноза2 дена
Денес во Македонија продор на свежина од север, ова се метео информациите
-
Спорт2 дена
Манчестер Јунајтед нема да смета на некој фудбалери, еве кои имиња нема да бидат дел од следната сезона
-
Технологија2 дена
„nVIDIA“ со скок во приходите – гејмингот сè уште има важна улога
-
Спорт22 часа
Албанија и Латвија одиграа без победник во натпревар од квалификациите за СП