Временска прогноза
Од вечерва и во текот на утрешниот ден локален дожд, еве каде..
Вечерва, во текот на ноќта и утре во текот на целиот ден на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.
– Најпогодени ќе бидат западните и централните предели од Македонија, како и делови од Скопскиот регион. Локално во овие делови ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Апелираме на КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. 🌩🌩🌩
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Дали грејната сезона оваа година ќе започне порано?
По долгото и екстремно топло лето, се чини дека грејната сезона многу порано ќе ни започне и дека од куси шорцеви и маички директно ќе ги облечеме јакните. Почнувајќи од овој викенд, па во текот на следната седмица температурите во Македонија ќе бидат невообичаено ниски за месец септември, и тоа поради продор на многу поладен воздух од север.
Температурите наутро речиси насекаде ќе се спуштат под 10 степени, понекаде и под 5 степени. Локално, особено во Беровскиот регион и на повисоките места температурите се очекува да се спуштат до близу 0 степени. Секако, на повисоките планини ќе биде уште постудено каде температурите ќе се спуштат дури и под нулата.
За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица во Македонија не се исклучува можноста да се појави и првиот утрински мраз за оваа сезона. Преку ден пак температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи дека и преку ден ќе биде значително посвежо.
Повремено сето ова ќе биде проследено и со пообилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и засилен ветер, што значи дека долготрајна стабилизација на времето нема на повидок. НАПОМЕНА: Поради продорот на многу поладен воздух од север, за време на викендот кој доаѓа, како и во текот на следната седмица, го очекуваме и првото провејување на снег на високите планински места во Македонија (над 2000 м.н.в), пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
(ВИДЕО) Најавениот циклон од „Средоземјето“ пристигна на Балканот, во хрватски Дубровник апел за не излегување од домовите
Силно невреме го погоди Дубровник, а обилните дождови предизвикаа големи поплави. Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, апелираше до граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно Силното невреме проследено со обилни врнежи од дожд речиси го потопи Дубровник. Градот е речиси целосно поплавен, автомобили „пливаат“ по улиците, а од шахтите се излева вода.
За кратко време наврнаа големи количества дожд, а попладне се очекува дополнително влошување на времето и уште пообилни врнежи, пишуваат хрватските медиуми. Хидрометеоролошкиот завод на Хрватска предупреди дека поради големото количество на дожд, кое може да достигне повеќе од 60 милиметри на квадратен метар, можни се прекини во снабдувањето со електрична енергија, прекин на телекомуникациските мрежи и водоснабдувањето. Жителите се предупредени да се подготват за уште посилно невреме кое може да предизвика поголема штета.
„Можни се штети на имот и дрвја, локални поплави, налети на ветер и град, како и прекини во сообраќајот“, соопшти хрватскиот хидрометеоролошки завод. По силното невреме кое го поплави градот, градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, апелираше граѓаните да не ги напуштаат домовите доколку немаат потреба.
Како што се наведува, лошото време ќе се задржи и во следните денови, па можни се дополнители поплавувања и тоа во целиот регион. До крајот на оваа недела, и тоа поради продор на многу поладен воздух од север, на високите планини ширум Балканот го очекуваме и првиот снег за оваа сезона, пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од вечерва драстична промена на времето во Македонија, ова се последните метео вести
Првиот бран на врнежи и тоа поврзан со Средоземниот циклон, кој полека ќе се преместува над Јадранот, ни пристигнуваат денес попладне и навечер, како и утре (вторник). Врнежи од дожд ќе има насекаде во Македонија, локално проследени со грмежи и со засилен ветер, најпрвин од јужен и од југоисточен правец, а утре (вторник) од северен правец.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопскиот регион денес попладне и навечер, како и утре (вторник) ќе започнат врнежи од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. И во делови од Скопскиот регион ќе има услови за појава на невреме.
Апелираме во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат, особено утре (вторник) кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.
Да напоменам дела за време на овој прв бран на врнежи, локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2), информира Славчо Попоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (11 септември)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за четврток (12 септември)
-
Култура2 дена
Денес е тежок празник – Отсекување на главата на Св. Јован Крстител и се јаде посно
-
Кичево39 минути
Во Кичево денес и официјално стартува со работа „Kelly Doner“, место каде ќе го најдете највкусниот донер!
-
Култура1 ден
(ФОТО) Во Бигорскиот Манастир тројца нови монаси во прегратките на Христовата љубов
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Репрезентацијата на Македонија пресилна на „Тодор Проески“ и со 10 играчи против Ерменија
-
Временска прогноза2 дена
Дали грејната сезона оваа година ќе започне порано?
-
Кичево1 ден
Денес е 11-ти септември – Ден на ослободувањето на град Кичево, далечната 1943 година пред 81 година станува првоослободениот град во Македонија