Временска прогноза
Утре во попладневните часови и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Невремето во регионот веќе прави проблеми и предизвикува штети, а постои опасност и од локални поројни поплави. Под влијание на силен циклон, утре особено од попладневните часови, па во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија и тоа поради многу високите температури овие неколку денови, локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен јужен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.
И во Скопскиот регион очекуваме нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.
Најмногу врнежи за време на овој циклон ќе има во западната половина од државава, и локално таму ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог.
Апелираме во случај на појава на силно невреме и на силни и чести електрични празнења, граѓаните да бидат крајно внимателни, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Температурите од понеделник ќе опаднат за 6 до 8 степени во споредба со сегашните, и тогаш максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и значително посуво.
Инаку овие денови над Македонското небо и тоа поради изразеното јужно воздушно струење е присутна Сахарска прашина и песок, со што и атмосферата е значително заматена, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Кичево2 дена
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (26 април)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за сабота (27 април)
-
Култура4 часа
Денеска е Лазарева сабота, додека утре е „Цветници“
-
Автомобили2 дена
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин2 дена
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Социјални мрежи12 часа
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите
-
Автомобили2 дена
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?