Временска прогноза
Од вечерва поларна воздушна маса и олуен ветер на нашата територија

Почнувајќи од денес попладне и навечер, па во текот на следната седмица територијата на Македонија ќе биде под влијание на ПОЛАРНА воздушна маса од север. Сето ова ќе биде проследено со СИЛЕН , повремено и ОЛУЕН ветер од северен правец (над 80 км/час, на планините и до околу 100 км/час). Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ поради можни штети.
Во текот на денешната вечер и ноќ температурите НАГЛО ќе опаднат и во следните денови потоа наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу -10 степени, понекаде и до околу -15 степени, додека на високите планини на северозапад температурите ќе се спуштаат и под -15 степени.
Утре локално сеуште ќе провејува снег, додека во текот на следната седмица ќе имаме претежно стабилно, суво и МНОГУ СТУДЕНО време (претежно сув студ).
Во Скопје и околината исто така ќе има послаби врнежи претежно од снег а ќе започне да дува и СИЛЕН северен ветер. Температурите од денешната ноќ НАГЛО ќе опаднат и ќе бидат под нулата (близу -10 степени наутро). Максималните температури исто така ќе се задржат околу или под нулата.
Пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд

Поради брз продор на ладен воздух од север, утре и задутре (среда и четврток 17/18 септември) во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде претежно стабилно и суво, а само утре (среда 17 септември) ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаб локален дожд.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час.
Што се донесува до температурите, тие особено наутро ќе бидат многу пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 12 степени, а на повисоките места и на планините тие ќе бидат пониски со што ќе има услови дури и за појава на слаб мраз и на слана.
Максималните дневни температури исто така ќе бидат значително пониски и ќе биде посвежо и преку ден и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околи 8/9 степени, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 23/24 степени.
Временска прогноза
По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде претежно сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу па и под 10 степени, а во делови од нашата Македонија, особено на повисоките и на планиснките места температурата ќе се спушти и под 5 степени, или близу 0 степени.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, а повремено во југоисточните предели таа ќе се искачува до околу 30 степени. Во Скопје температурата наутро во текот на оваа седмица ќе се спушти до околу 10 степени а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 30 степени.
Утре и задутре (вторник и среда 16/17 септември) ќе дува засилен, повремено и силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час. Наутро и тоа како ќе ни биде потребна потоплата облека поради очекуваните многу пониски минимални утрински температури на воздухот, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно

Под влијание на значително поладен воздух од север,денес понеделник (15 септември) во Македонија ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде стабилно, суво и со сончеви периоди. И во Скопје и околината денес понеделник (15 септември) ќе дува засилен ветер од северен правец, повремено ветерот ќе биде и силен и во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите денес понеделник (15 септември) тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 28 степени.
Особено свежо па дури и ладно утро ќе имаме во вторник (16 септември) кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени, а во Скопје и околината во вторник наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени.
Поради продорот на ладен воздух од север, особено во вторник наутро и тоа како ќе ни биде потребна топлата облека, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (16 септември)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за среда (17 септември)
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!
-
Македонија1 ден
Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата
-
Музика10 часа
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење
-
Временска прогноза1 ден
По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец
-
Свет1 ден
„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија
-
Македонија1 ден
„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила