Временска прогноза
Од вечерва значително постудена воздушна маса, утре слаб снег на местата над 1000 м.н.в, ова се последните метео информации..
Под влијание на значително постудена воздушна маса која ќе се спушти од север, вечерва и во текот на ноќта кон утрешниот ден врнежите од дожд на местата со надморска височина од 1000 метри па нагоре ќе преминат во врнежи од снег, каде се очекува формирање на помала снежна покривка. Утре провејување на снег е можно понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.
Ќе започне да дува СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец и истиот локално ќе достигнува брзина дури и над 80 км/час. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
Во Скопје и околината брзината на северниот ветер ќе достигнува до околу 70 км/час.
Утре максималната температура ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКА за разлика од денешната и ќе се искачува во интервалот само од 2 до 11 степени.
МНОГУ СТУДЕНО утро ќе имаме во среда (невообичаено студено за крајот на месец март) кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, а на високите планински северозападни предели дури и до околу -10 степени. Се очекува појава на умерен до ЗАСИЛЕН мраз – Сето ова МНОГУ ЛОШО ќе се одрази врз овошките.
Минусни температури и мраз ќе ни донесе утрото и во четврток, додека во текот на денот следува ново ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето и ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите, што значи дека ни следува МНОГУ ПОТОПЛО време од четврток па натаму, а ќе биде и претежно стабилно со МНОГУ ПОВЕЌЕ сонце.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината
Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.
Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.
Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Кичево11 часа
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево9 часа
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника13 часа
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Магазин2 дена
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт1 ден
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
-
Магазин2 дена
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници