Временска прогноза
Од понеделник на вечер: Силен ветер (над 90 км/ч) ќе донесе нагло заладување и наместа пороен дожд – Ова се последните метео вести..
Пролетното време во Македонија ќе се задржи и утре и тоа со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени. Под влијание на циклонска активност од запад, и на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд , грмежи, и со СИЛЕН југозападен ветер. Навечер и во текот на ноќта кон вторник ќе има НАГЛО и ГОЛЕМО заладување на времето, на повеќе места проследено со СИЛЕН северен и северозападен ветер (локално и со брзина дури и од над 90 км/час). Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
На повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, но ќе слабеат на интензитет. Локално снежната граница можно е да се спушти и на надморска височина од околу, па и под 1000 метри.
Во вторник времето ќе биде студено и МНОГУ ВЕТРОВИТО со СИЛЕН северен и северозападен ветер ( локално со брзина до околу 80 км/час). Во среда наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, а на високите планински северозападни предели дури и до околу -10 степени. (На земјоделците ги советуваме со време да си ги заштитат своите земјоделски култури од премрзнување).
Сличо време очекуваме и во Скопје и околината.
Инаку студената Арктичка бомба ќе зафати поголем дел од Европскиот Континент, како на Балканот а со тоа и во Македонија, условувајќи невообичаено ниски температури на самиот крај на овој месец.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево24 часа
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Временска прогноза2 дена
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Магазин21 час
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили1 ден
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?
-
Автомобили1 ден
Електрични возила и губење на вредноста