Временска прогноза
Најава за заладување на времето и провејување снег, еве од кога..
За време на овој викенд сеуште во Македонија ќе се задржи вистинското ПРОЛЕТНО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.
Сепак утре попладне и кон крајот на денот ќе има локално зголемување на облачноста и во северните и во источните предели ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.
Под влијание на ИЗРАЗЕНА влажна и нестабилна воздушна маса која ќе биде придружена со циклонската активност од запад, во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и СИЛЕН југозападен ветер. Ќе има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ.
НАГЛО и ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето кај нас ќе има во текот на ноќта понеделник према вторник и тогаш на повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, но ќе слабеат на интензитет. Не се исклучува можноста за сосема слабо провејување на снег и во некои места со помала надморска височина. Сево ова ќе биде проследено и со СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец.
Веќе на средината од следната сдмица наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат ПОД НУЛАТА, со што се очекува и појава на МРАЗ, а сево ова лошо ќе влијае врз расцветаните овошки ширум Македонија. Токму поради ова, на земјоделците со време ги советуваме да ги заштитат своите земјоделски култури и тоа поради очекуваната појава на мраз во најголем дел од Македонија.
Невообичаено ниски температури во текот на следната седмица ќе имаме и низ целиот Балкан, но и низ Европа, и тоа поради спуштањето на ЛАДНАТА БОМБА од Арктикот во Европа, па дури и до јужните предели на Балканот.
Секако оваа НАГЛА и ГОЛЕМА промена на времето лошо ќе влијае и врз метеопатите, каде се очекуваат ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми. На истите им се препорачува редовно да ја земаат својата препишана терапија од својот матичен лекар, но и да побараат совет од истиот.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево1 ден
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за петок (26 април)
-
Автомобили1 ден
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин1 ден
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили1 ден
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?