Следете не

Кичево

(ФОТО) Денес по повод „Светскиот ден на храната“ најмилите дечиња од кичевската градинка „Олга Мицеска“ преку песни, ора и традиционални јадења се претставија пред публиката

Објавено пред

на

Денеска на платото во Китино Кале – Кичево се одржа традиционалната манифестација организирана од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ а по повод „Светскиот ден на храната“ во соработка со родителите под мотото „Растеме заедно, запознавање со традицијата“ на македонската, албанската и турската култура со песна и ора.

За традиционалните јадења да изгледаат така добро и уште по вкусно се погрижија неуморните родители на дечињата кои се дел од оваа установа, а ги заслужуваат сите почести.

– Прекрасно е да се организира ваков мултикултурен настан со најголемите заедници на градот, верувам дека родителите и присутните уживаа во најразличните песни и ора и секако најдобрите јадења подготвени од родителите, за кои оваа прилика ја користам да ги поздравам и благодарност до нивната поддршка која ни ја даваат. Ние и нашата управа, посакуваме оваа традиција да трае во што е можно поголем број на дечиња, бидејќи нашите дела се нашата иднина на кратко за Порта.мк исакна директорот на ЈОУДГ „Олга Мицеска“, г-дин Садик Ахмети.

Во продолжение, неколку фотографии направени од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ кои го одбележаа овој величествен настан:

Кичево

Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри

Објавено пред

на

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтер. Според првичните информации, потресот се случил на околу 15 километри југозападно од Кичево и на приближно 73 километри североисточно од Елбасан, во Албанија.

Графички приказ во прилог на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар:

Епицентарот се наоѓал на длабочина од околу 15 километри.

Извор: emsc.eu

Прочитај повеќе...

Кичево

Кнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните

Објавено пред

на

ФОТО: Порта.мк / Кнежино МЗ.

Свети Ѓорѓија, еден од најпочитуваните светители на православната црква, се слави како посен празник од сите верници со православна вероисповед. Освен како семејна слава, овој ден е значаен и за имендените и славите на многу села и градови.

Свети Ѓорѓија – Христовиот војник, се почитува како ослободител на плениците, заштитник на сиромашните, исцелител на болните и помошник на владетелите. Неговиот живот и дела го прават пример за храброст и вера. Неговата молитва до Бога, “Свети Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души”, и денес ја прославуваме.

Свети Георгиј, победоносец и чудотворец, се родил и живеел во време кога Римската империја била под власта на царот Диоклецијан, кој на почетокот на своето владеење ги третирал христијаните како безопасни. Но, поради ширењето на христијанската вера, во 303 година започнал жесток прогон на христијаните. Во тоа време, Георгиј, кој бил член на римската војска, се истакнувал како војник и добивал високи положби, но неговата вера во Христа не му дозволила да ги предаде своите убежувања.

Неговите родители биле богати и побожни луѓе, а неговиот татко маченички пострадал за верата, што оставило траен печат на младото срце на Георгиј. Мајка му, која потекнувала од Палестина, исто така го воспитала во духот на христијанската вера. Откако таткото починал, Георгиј се преселил во Палестина, каде што дарувал имот на сиромашните и се оддал на благотворна дејност.

Како млад, Георгиј бил примен во елитната војска на царот и на 20 години станал трибун (воен командант). Но, кога Диоклецијан наредил да се принесат жртви на идолите, Георгиј се спротивставил на оваа наредба, без страв да ги изложи на опасност сите привилегии што ги имал. Во моментите на прогон, тој го распродал своето богатство, го ослободил својот имот и робовите, и станал целосно предан на верата во Христа.

Диоклецијан, разгневен од оваа храброст, го фрлил Георгиј во затвор и започнал со неговите мачења. Георгиј бил подложен на страшни tortури: го врзале на клади, го фрлиле во јама со негасена вар, а потоа му давале да пие отров и го тепале со камшици. Сепак, тој не попуштил. Бог го спасил, па дури и во најстрашните моменти Георгиј останал силен и не попустил во својата вера.

Еден од најпознатите мотиви во христијанската иконографија е сцена каде Свети Георгиј ја победува ламјата, симболизирајќи победа на доброто над злото. Оваа икона ја прославува неговата храброст, упорност и несломлива вера.

Сеќавањето на Свети Ѓорѓија ни дава пример за тоа што значи да се живее во вера, храброст и пожртвуваност. За сите кои го слават овој ден, нека биде благословен и среќен, за многу години!

Инаку, традиционално секој 9 декември се одбележува празникот на Кнежинскиот манастир „Свети Ѓорѓија-Победоносец“, по раната литургија, причест примаат сите верниците кои ги слават. На овој свечен чин, во ова свето место доаѓаат голем број верници како од Кичево така и од соседните градови.

Прочитај повеќе...

Кичево

„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 09.12.2025 г. – вторник „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места од град Кичево:

Планиран прекин Кичево  Дел од улица „Ужичка“, дел од ул. „Мечкин Камен“, мотел „Панорама“, ТВ „Ускана“ и дел од потрошувачите во нас. „Под Крушино“ 09.12.2025 10:00 09.12.2025 13:00
  • Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.

/ЕВН Дистрибуција

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!

Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари...

Македонија6 часа

Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин7 часа

Доаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости

• Мајкрософт ја продолжува стратегијата за 2025 година, која ја нарече „година на освежување на компјутерите со Windows 11“. Целта...

Магазин7 часа

Водич за купување ChatGPT со вештачка интелигенција

• OpenAI ја претстави новата функција „истражување на пазарување“, создадена за да им помогне на корисниците при празничното пазарување. Функцијата...

Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash
Магазин7 часа

Nvidia ја прогласи Huawei за најсилна технолошка компанија во историјата

• Јенсен Хуанг истакна дека Huawei е најмоќната технолошка компанија досега, со исклучителни можности во вештачка интелигенција и хардвер. И...

ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat
Магазин7 часа

Телефоните на Samsung добиваат голема реконструкција: Започна бета-програмата One UI 8.5

Samsung ја претстави бета-програмата One UI 8.5, која им овозможува на корисниците да ја тестираат новата верзија на интерфејсот пред...

Кичево9 часа

Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени...

Временска прогноза10 часа

За вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно...

На денешен ден11 часа

Времеплов: На денешен ден (9 декември)

На денешен ден 9 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Кичево12 часа

Кнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните

Свети Ѓорѓија, еден од најпочитуваните светители на православната црква, се слави како посен празник од сите верници со православна вероисповед....

НАЈЧИТАНИ