Кичево
Денес официјално се отвори „Oli Bakery“, пекара која го има највкусниот кичевски „бурек“ и бели пецива
Конечно после подолго време кичевчани може да пазарат вкусни пекарски производи кои изобилуваат со високо нутритивни состојки, создадени со своја патентирана технологија на производство.

Најубавиот бурек во градот со јогуртче по промотивна цена од 50 денари, додека на мени се и „Пица Бурек“, Ладни сендвичи, секаков вид на бели пецива, свој патентиран производ „Колбавче во тесто и кашкавал“, Баварски кифли, Пастрмајлија и Тостови, по уникатни цени!

Локалот се наоѓа веднаш спроти експозитурата на „Комерцијална Банка“ на бул. „Ослободување“ и ќе работи секоја ден.
Да им посакаме добредојде!
Посетете ги веднаш!
За сите порачки нивниот телефон е отворен: 070/430-102
Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.
Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
– Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган, за јавноста и медиумите предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
Како современа и опшествено одговорна компанија која веќе 32 години успешно функционира на домашниот пазар, преку нашиот веб го најавуваме дефинитивно најголемиот „Black Friday“, во нашиот град кој трае на 28.11 и 29.11. Можете да искористите и до 70% попуст на одредени производи од врвни светски производители како што се, ATLAS CONCORDE, Geberit, Liv, Sanovit, Creavit, STN, Qua, Bien, Gomez, Navarti, Tilezza, Geo Tiles, Unitas, Ideal Standard, итн.
Во понудата има голем избор на керамички и порцелански плочки, „wc школки“, „кабини“, „паравани“, мебел за бања и уште многу други производи за вашата бања кои ќе го подобрат и олеснат секојдневието!
Дополнителни информации и резервации можете да добиете на телефонските броеви 075/264-634 и на 075/228-948, на фејсбук, инстаграм или директно во нивниот продажен салон секој работен ден од 09:00 до 18:00ч, најдете ги на гугл мапа на магистрален пат, ТУКА
Кичево
Ноќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
На 23.11.2025 година во 01:30 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на булеварот „Ослободување“ во Кичево, едно лице нападнало малолетник, а потоа и неговиот татко кој дошол во објектот.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, за јавноста денес соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево23 часаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево1 ден„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Македонија2 дена16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Хроника21 часМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза22 часаОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Магазин24 часаРецепт за најсочните мини пици: Брзи, меки и едноставно неодоливи
