Следете не

Спорт

Олимписките федерации против паричните награди за освојувачите на златни медали на „ОИ“ во Париз

Објавено пред

на

Олимписките спортски организации вчера ја критикуваа Светската атлетика која на спортистите им вети по 50.000 долари за секој освоен златен медал на Олимписките игри во Париз. Потегот на Светската атлетика и нејзиниот претседател Себастијан Коу ја прекина традицијата, бидејќи Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) не им исплатува награди на спортистите, иако владите на нивните земји или Олимписките комитети можат да го сторат тоа.

„Според многумина, овој потег ги поткопува олимписките вредности и уникатноста на игрите“, соопшти Меѓународната асоцијација на летните олимписки федерации (ASOIF).

Таа организација изјави дека сите спортови не можат и не треба да прават потег како Светската атлетика, дури и да сакаат и дека паричната награда е „против принципот на солидарност“.

– Коу, еднократен двократен олимписки шампион на 1.500 метри, им вети на спортистите 2,4 милиони долари или 50.000 долари за секој од 48-те златни медали што ќе бидат доделени на атлетските натпревари во Париз, од дел од повеќе милијарди долари на МОК приходите.

Светската атлетика доби 39,5 милиони долари од МОК на последните Игри во Токио.

„Постоеше консензус дека олимписките приходи, барем за комерцијално поуспешните и финансиски независни меѓународни федерации, треба да се инвестираат како приоритет во прашањата за развој и интегритет. Во последните денови, членовите на АСОИФ изразија загриженост за најавата за Светска атлетика. Никој не може или не треба да стави цена на златен олимписки медал, а во многу случаи, освојувачите на медали имаат индиректна комерцијална корист. Со тоа се игнорираат помалку привилегираните спортисти кои се пониски во конечниот пласман“, се вели во соопштението на АСОИФ.

Спорт

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Објавено пред

на

©porta.mk

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.

Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.

Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.

Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!

Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА

– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е  неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.

Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски

Број 7, Стефан Стојаноски

Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.

Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.

Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:

Прочитај повеќе...

Спорт

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Објавено пред

на

©porta.mk

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.

На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.

Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.

Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.

Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци

Објавено пред

на

©porta.mk

Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за прием на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот опфаќа различни категории на лиценци, согласно стандардите и програмите на УЕФА и ФФМ.

Центарот за едукација ја информира јавноста дека пријавувањето е отворено за следните тренерски програми: УЕФА А курс, УЕФА Б курс, УЕФА Б курс за голмани и УЕФА Ц курс.

Сите заинтересирани можат да поднесат пријава во предвидениот рок, во согласност со критериумите и упатствата објавени од Центарот за едукација на ФФМ. Подетални информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни во приложените документи.

Повеќе информации ќе најдете на официјалната страница од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп10 часа

Хороскоп за недела (14 декември)

ОВЕН Вклучете се малку повеќе во настаните околу вас, особено ако се поврзани со луѓето кои ви значат. Помогнете му...

Спорт15 часа

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра,...

Хроника16 часа

Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место

На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А....

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (13 декември)

ОВЕН Направете планови за работа што ќе бара вистински професионалци, веројатно луѓе постари од вас. Без разлика на кој пол...

Кичево2 дена

(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка

Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче...

Македонија2 дена

Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Хроника2 дена

Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..

Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е...

Кичево2 дена

Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево

На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево...

Спорт2 дена

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор...

Социјални мрежи2 дена

„Инстаграм“ за минатиот месец е водечка апликација по превземања на мобилните телефони, за септември на прво место беше „ChatGPT“

Мобилните апликации денес се неизбежен дел од нашата секојдневна рутина и заземаат голем дел од времето што го минуваме пред...

НАЈЧИТАНИ