Автомобили
Opel има ново лого: „Молњата“ се модернизира (ВИДЕО)
Наскоро доаѓаат првите модели со новиот визуелен идентитет на брендот.
Opel се приклучи на зголемениот број автомобилски брендови кои одлучија да го модернизираат дизајнот на логото.
За да биде во согласност со трендовите на дигитализација и електрификација, секој се одлучува за поедноставен дводимензионален пристап без излишни детали.
Германскиот бренд не е исклучок и може уште подобро да го искористи своето лого на молња во напорите да ја покаже својата посветеност на електрификацијата.
Затоа Opel ќе произведува исклучиво електрични модели од 2028 година, а претходно ќе се фокусира на електрифицирани автомобили (хибриди).
Крајот на оваа година сака да го дочека со 15 електрифицирани модели, а првиот автомобил со новото лого ќе пристигне следната година. Тоа го потврди лично првиот човек на компанијата Флоријан Хуетл.
Воедно не го открива името на моделот кој ќе ја има честа прв да го носи новиот беџ на Opel. Сè ќе биде многу појасно во септември на автосалонот во Минхен, каде што Opel ќе го промовира новото лого, како и бројните новитети подготвени за блиска иднина.
/V-Online
Автомобили
Подгответе го вашиот автомобил за зима: Пет клучни чекори за безбедно возење во студените месеци
Со доаѓањето на постудените месеци, важно е вашиот автомобил да биде технички подготвен за новите, поопасни услови на патиштата. Правилната подготовка значително ја зголемува вашата безбедност и ја намалува можноста за незгоди.
1. Гуми
-
Заменете ги летните гуми со зимски, бидејќи под 7°C зимските гуми имаат далеку подобро прилепување и пократко растојание на запирање од летните.
-
Размислете за набавка на синџири за гуми, особено доколку патувате на подолги релации или преку планински превои.
-
Синџирите се препорачува да се користат при повеќе од 5 cm снег на коловозот.
2. Батерија
-
Во зима ќе ги користите светлата, грејачите и другата опрема многу повеќе, што дополнително ја оптоварува батеријата.
-
Проверката на акумулаторот пред почетокот на студените денови е клучна; заменете го доколку покажува знаци на слабеење.
-
Интересен податок: 85% од дефектите кај возилата се поврзани со акумулаторот или алтернаторот.
3. Антифриз
-
Антифризот ја намалува точката на замрзнување на течноста во системот за ладење и спречува корозија.
-
Недоволна количина може да доведе до замрзнување на течноста, што може да предизвика сериозни оштетувања како пукање на моторниот блок.
-
Проверете ја концентрацијата и долејте доколку е потребно.
4. Бришачи
-
Во услови на дожд, снег и намалена видливост, исправните бришачи се клучни.
-
Менувајте ги најмалку еднаш годишно и секогаш проверувајте ги пред зимата.
-
Користете зимска течност за миење на шофершајбната, која подобро ги отстранува мразот и солта.
5. Сè друго
-
Ако можете, чувајте го автомобилот во гаража или под церада за заштита од мраз и снег.
-
Проверете дали има вода во резервоарот (од летна кондензација), бидејќи може да предизвика проблеми со горивниот систем.
-
Проверете ги сите сијалици и опремете се со:
-
средства против замрзнување за брави
-
препарати за заштита на дихтунзи
-
лопата
-
сол
-
стругалка за мраз
-
Извор: RadioSA
Автомобили
(ВИДЕО) BMW „M340i xDrive 50 Jahre Edition“ одбележува 50 годишнина од почеток на продажбата
BMW ја одбележува 50-годишнината од почетокот на продажбата на својата легендарна Серија 3 со специјално издание на моделот M340i xDrive, наречено 50 Jahre Edition. Овој јубилеен модел е инспириран од петте претходни генерации на Серија 3 E21, E30, E36, E46 и E90 и враќа карактеристични нијанси на боја поврзани со секоја од нив.
Цената на ограниченото издание започнува од 76.375 долари, што е за околу 11.500 долари повисоко од стандардниот M340i xDrive. Иако звучи многу, BMW смета дека ексклузивните детали и опционалните пакети го оправдуваат порастот.
Серијата 3 веќе половина век претставува еден од најпродаваните модели на брендот. Првпат беше претставена во јули 1975 година на Олимпискиот стадион во Минхен, а оттогаш помина низ седум генерации, стекнувајќи статус на еден од најпознатите спортски седани. Во чест на овој јубилеј, BMW го создаде специјалното 50 Jahre Edition, кое ја истакнува историјата преку избор на ретро бои.
Внатрешноста е внимателно усогласена со надворешните нијанси. За прв пат на американскиот пазар, моделот доаѓа со опција за проширена Merino кожа.
- Ruby Red Metallic се комбинира со ентериер во боја на слонова коска и црвени сопирачки шепи.
- Boston Green Metallic и Avus Blue Metallic доаѓаат со тапацир Tartufo и сини шепи.
- Carbon Black Metallic е споен со црна внатрешност и црни шепи.
- Sparkling Graphite Metallic се нуди со Tartufo ентериер и црвени сопирачки шепи.
- За жал, досега BMW објави фотографии само од варијантата во Avus Blue Metallic.
Покрај специјалните бои, моделот доаѓа и со Shadowline пакет адаптивни LED светла, затемнети декоративни елементи, карбонски заден спојлер, M Performance издувен систем и ексклузивни амблеми кои ја означуваат неговата јубилејна природа.
Погледнете ја одличната рецензија од „DPCcars“ на јутјуб:
Иако изгледа посебно, механички моделот останува идентичен со стандарниот M340i xDrive. Разликата е во опремата и визуелните детали, кои ја зголемуваат цената. Со избор на сите карбонски и кожни опции, разликата во цена меѓу двете верзии дополнително се намалува.
BMW се уште не открива точно колку примероци од 50 Jahre Edition ќе бидат произведени ниту колку ќе бидат наменети за американскиот пазар, но се очекува бројката да биде ограничена на неколку стотици возила. Производството веќе започна, а првите испораки се предвидени за првиот квартал од 2026 година.
Извор: caranddriver.com
Автомобили
Renault Mégane се враќа на бензин: повраток кон класиката по ерата на електричните возила
По три години целосна електрификација, Renault повторно го разгледува враќањето на бензинските мотори во своите семејни модели Mégane и Scénic. Според најавите, следната генерација на овие автомобили — која се очекува пред крајот на деценијата — ќе понуди комбинација од електрични и хибридни погонски системи.
Новиот извршен директор на групацијата Renault, Франсоа Провост, изјави дека компанијата работи на стратегија за „повраток на поголемите модели“. Тој додаде дека електричните верзии на Renault 4 и 5 се покажале како успешни, но Mégane и Scénic сè уште се борат со продажбата во сегментот на семејни автомобили.
„Поголемите автомобили се еден од нашите приоритети,“ изјави Провост за Auto Express. „Во следниот среднорочен план, развиваме нова платформа што ќе ја поттикне понудата во Ц-сегментот – во срцето на Европа.“
Новата платформа ќе ги обедини идните генерации на Mégane, Scénic, Austral, Espace и Rafale, кои моментално се достапни само како хибридни модели.
Баланс помеѓу електричен и бензински погон
Renault нема намера да се повлече од електричните возила, но сака да понуди поголема флексибилност за купувачите кои сè уште не се подготвени за целосна електрификација.
„Доколку усвојувањето на електричните автомобили се одвива побавно од очекуваното, ќе го надополниме тоа со решенија како плаг-ин хибриди или системи за продолжен домет,“ изјави Фабрис Камболив, извршен директор на брендот Renault.
Камболив додаде дека е поверојатно Renault да се одлучи за систем сличен на Nissan e-Force, каде што моторот со внатрешно согорување не ги придвижува директно тркалата, туку ја полни батеријата.
Освежување пред новата генерација
До излегувањето на новите модели со мотори со внатрешно согорување, Renault ќе се обиде да ја зголеми продажбата на актуелниот Mégane преку неколку надградби.
Првата е редизајнирана верзија на моделот, која веќе е забележана во тестирање под камуфлажа. Дополнително, можно е зголемување на капацитетот на батеријата — над сегашните 60 kWh со опсег од 468 км.
За споредба, Scénic користи батерија од 87 kWh со автономија до 622 километри, а новиот Nissan Leaf, кој дели технологија со Mégane, нуди батерија од 75 kWh и опсег од околу 600 километри.
Извор: Index
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Кичево13 часа(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
-
Временска прогноза2 денаПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (18 ноември)
-
Македонија1 денПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
-
Спорт2 денаВажен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф
-
Македонија1 денНелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација
-
Временска прогноза15 часаВо овој момент се формира влажен бран кој носи обилен дожд и невреме!
