Кичево
Од денес во ЈЗУ „Општа Болница“ – Кичево за прв пат започнува со работа долгоочекуваната „Стручна комисија за давање наод, за нега од друго лице“, нема веќе чекање и поаѓање во друг град
Од денес благодарение на новото раководство на чело со директорката Д-р Маја Цветановска-Трајкоска, со заложби на Министерството за здравство но и Министерството за труд и социјана политика, во Кичево стартува со работа „Стручна комисија за давање наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице“
– Комисијата ја сочинуваат тројца доктори специјалисти од нашата болница, соодветни спрема бараните и потребни специјалности. Комисијата ќе работи два пати неделно во просториите на болницата, во попладневните часови, по претходно закажани темини преку „Мој термин“. Нашите сограѓани досега за оваа услуга чекаа со месеци со поаѓање во други градови, а сега ќе имаат можност да ја искористат приликата во сопствениот град, за Порта.мк истакна директорката Цветановска Трајкоска.
- Од 1-ви октомври во нашата болница ќе започнат да доаѓаат доктори од „ЈЗУ УГАК“ и „ЈЗУ Општа Болница Охрид“, специјалисти гинеколози-акушери, при што ќе се отвори можноста за опслужување на сите родилки од нашиот град и пошироко, како и можноста за извршување на сложени гинеколошки операции. Со овие достапни услуги, пациентите нема веќе да мора да патуваат и ваквите услуги да ги бараат во останатите болници, додека во тек е и отварањето на нова специјалистичка гранка во нашиот град, Трудова медицина, која во соработка со повеќе специјалности од Општа Болница, ќе ги опслужува потребите на сите граѓани на Кичево, од типот на издавање на лекарски уверенија за професионални шофери, оружје итн, заврши Цветановска Трајкоска.

– „ЈЗУ Општа Болница Кичево“, водена од директорката и менаџерскиот тим, исто така ќе работат во следниот период за воведување на нови процедури и дијагностики, со една битна цел а тоа е најважното – навремено дијагностицирање и третман на пациентите на нашиот град!
– Упатуваме честитки, Кичево и кичевчани заслужуваат подобро здравство, модернизација, внимание на пациентите и нега, се надеваме дека ова е само почеток и дека народот штотуку почна да ги гледа промените на подобро!
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена на своите потрошувачи повеќе од 20 години во Кичево. Тука ќе пронајдете секогаш свежо и замрзнато овошје и зеленчук, внимателно одбрани апетисани, богат асортиман на прехрамбени производи, освежителни пијалоци. „Бамби“ нуди и кетеринг намирници, свежи печурки и уште многу други производи кои го прават секое купување лесно и пријатно.
Посебно внимание исто така посветуваат на млечните производи, кои се чуваат во посебен фрижидер, секогаш уредно, свежо и лесно достапно за купувачите, затоа што квалитетот и хигиената им се на прво место.
Што се однесува до овој период од годината, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, „Бамби“ подготви и празнични пакетчиња за сите дечиња, исполнети со квалитетни и внимателно одбрани продукти, идеален начин да се измамат детски насмевки и празнична радост.
Пиљара „Бамби“ се наоѓа на улица „Борис Кидрич“ бр. 17 и работи од понеделник до сабота, со работно време од 08:00 до 22:00 часот.
Посетете ја пиљара „Бамби“ уште денес и бидете дочекани со насмевка, љубезност и брза услуга, дојдете и уверете се зошто „Бамби“ е омиленото место за купување во градот, секогаш свежо овошје и зеленчук, врвен квалитет и најпристапни цени.
Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно! 🍎🥦
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента
СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, за Порта.мк соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете, за кое претходно неговите родители пријавија дека се оддалечило од семејниот дом.
Малолетникот е предаден на неговите родители, за јавноста предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево15 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза14 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Култура2 денаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија1 денЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (18 декември)
-
Македонија17 часа„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!
-
Кичево9 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!













