Кичево
Со планинарски марш се одбележа 81 година од првото училиште на македонски јазик

Вчера, на 22 септември 2024 г., Планинарското еколошко друштво “Ендорфин” од Кичево го организираше Вториот планинарски марш по повод 81 година од започнувањето со работа на првото училиште на македонски јазик на слободна територија во с. Подвис.
Учество на маршот зедоа четириесетина планинари од Кичево, Прилеп, Битола и Скопје, кои по искачувањето на врвот Планиница (1391 м.) се упатија кон старата училишна зграда, сместена на падините на планината Голјак.
– Оттука апелираа училиштето што поскоро да го добие заслуженото внимание од страна на државните институции за урнатините да не останат последниот сведок за камен-темелникот на образованието на македонски јазик уште пред формирањето на современата македонска држава.
Пред присутните кратко излагање имаше д-р Давор Јанкулоски, претседател на ПЕД Ендорфин и научен соработник во Центарот за лингвистика при МАНУ, кој се осврна на важноста на првите училишта во НОБ, како и на историските околности кои го овозможиле нивно отворање.
Пред присутните се обрати и г. Добре Лазаревски, син на учителот Василко Ристески, кој покрај тоа што изнесе интересни историски факти, сподели и лични спомени за работата и дејноста на својот татко, Василко Ристески, првиот учител во НОБ во с. Подвис.
Благодарение на општествено одговорни поединци и компании од Кичево и од с. Подвис, беше послужен и скромен коктел за присутните планинари и посетители.
ПЕД Ендорфин на планинарските друштва и на поддржувачите на маршот им додели благодарници за учеството и за поддршката.
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин2 дена
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија13 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија2 дена
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Магазин10 часа
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации