Кичево
Најдобрата специјализирана оптика „Окулус“ во Кичево официјално со нова подостапна локација
Со особено задоволство преку нашиот веб простор ве информираме дека реномираната „Оптика Окулус“ има нова локација во Кичево, во нов модерен и амбиентален објект лоциран во непосредна близина на кичевската Пошта на ул. „Александар Македонски“.
Најголемиот избор на диоптриски рамки, очила со клип, сончеви очила, диоптриски стакла по највисоки стандарди со UV 420 „Blue Filter“, „Sun & Fast gray заштита“ сега подостапни за вашите потреби.
На располагање имаат и „контактни леќи“ во сите диоптрии како и „леќи во боја“.
„Оптика Окулус“ ве очекува да го проверите нивниот квалитет и беспрекорна услуга која трае со години!
[Best_Wordpress_Gallery id=”44″ gal_title=”Окулус”]
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Кичево24 часаВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Хороскоп15 часаХороскоп за недела (26 октомври)
-
Спорт17 часаФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Македонија2 денаВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Временска прогноза1 денОд утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
-
Мобилни уреди2 дена„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон
-
Култура4 часаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
