Временска прогноза
Останува топлото време, додека утре во некој предели на север услови за краткотрајно невреме, проследено со дожд и грмежи – ова се последните метео вести
Поради продор на поладен атмосферски фронт на висина, утре (петок) особено во северните предели, а за време на викендот, особено во сабота на повеќе места во попладневните часови ќе има развој на грмотевични облаци кои ќе условат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во ваква ситуација, локално ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и со појава на град. Токму поради ова, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
И во Скопската котлина утре (петок) како и за време на викендот, особено во сабота во попладневните и во вечерните часови ќе има развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие остануваат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат и до околу 40 степени. Сосема мал пад на температурите ќе има од недела, но и понатаму тие ќе бидат многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).
Што се однесува до температурите, тие нема да бидат многу ниски и ќе бидат околу или малку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
За зимата 25/26 прогностичките модели укажуваат повеќе снег, но во просек за некој степен потопло време за разлика од претходно, информира Попоски
Изминатиов подолг период во голем број од медиумите читаме и слушаме најави дека пред нас е зима на векот или најладна зима досега. Прогностичките модели не го кажуваат тоа и не даваат такви знаци. Прогностичките модели укажуваат на тоа дека зимата 2025/2026 година ќе биде потопла за еден до два степени од 30 годишниот просек. Сепак со оглед дека оваа зима ќе биде „Ла Ниња“ зима, односно на Пацификот е активен климатолошкиот ладен феномен „Ла Ниња“ па токму поради ова претстојната зима може да биде малку поладна само од последните неколку години, но не и најладна досега или зима на векот, таквата зима е далеку од нас.
Секако „Ла Ниња“ оваа сезона ќе придонесе за повеќе врнежи како од дожд така и од снег, тоа значи дека снегот оваа зима ќе биде почеста појава кај нас и очекувам поснежна зима со поголем број на снежни денови, особено во повисоките населени места, планините и на скијачките центри. Поради „Ла Ниња“, растат условите да се соочиме и со повремени поголеми студови кои би предизвикале да имаме исклучително ниски температури на воздухот, но тоа не е нешто што не се случило во нашата Македонија и ширум Балканот и секако нема место за никаква паника и ширење на истата.
Исто така, „Ла Ниња“ повторно оваа сезона ќе донесе снег и во Скопската котлина и широкиот дел од Скопскиот регион. Оваа сезона поголеми се условите за повеќе врнежи од снег и во Скопје и околината со повеќе денови со врнежи од снег.
Да напоменам дека сезонските метео анализи служат како резерва околу тоа како би се одвивале временските услови и развојот на временската состојба во Реублика Македонија. Секако истите не се во целост сигурни и поради тоа што се работи за долгорочно анализирање на времето промени во анализата секако дека се можни. Затоа граѓаните да ги следат моите секојдневни пократкорочни метео анализи кои се со голема веројатност за остварување, односно можност за остварување и за повеќе од 90 % сигурна метео анализа, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
До петок стабилно и без дожд, потоа нашиот регион ќе биде зафатен со нов влажен воздушен бран кој ќе услови со нови врнежи од дожд
Во Македонија следува преодно стабилизирање на времето. Веќе од петок (7 ноември) па се до понеделник (10 ноември) нашата Македонија ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот и истиот ќе условува да имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен јужен ветер.
И во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме нови врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер од јужен правец.
Локално за време на овој влажен воздушен бран ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени, информира Славчо Попоски
-
Кичево15 часаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Спорт8 часаКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Култура2 денаУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Македонија2 денаСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Временска прогноза2 денаОд денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
-
Македонија2 денаЛишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
-
Македонија2 денаОд 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици
