Следете не

Спорт

Ова се избраниците на Милевски за мечевите против Финска и Азербејџан, додека во изјавата истакна дека очекува повисоко ниво на игра

Објавено пред

на

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за контролните два натпревари против Финска (17. ноември, 18:00 часот) и Азербејџан (20. ноември, 14:00 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Во најдобриот состав на македонската репрезентација се враќа капитенот Стефан Ристовски, а повратник во тимот е напаѓачот на италијански Удинезе, Илија Несторовски. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 26 фудбалери:

Голмани:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);

Одбрана:

Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифак, Саудиска Арабија), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Езѓан АЛИОСКИ (Фенербахче, Турција), Тодор ТОДОРОВСКИ (Сумгаит, Азербејџан), Стефан АШКОВСКИ (Ламиа, Грција), Никола СЕРАФИМОВ (МОЛ Види, Унгарија), Кире РИСТЕВСКИ (Пјуник, Ерменија), Егзон БЕЈТУЛАИ (Шкендија), Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска);

Среден ред:

Енис БАРДИ (Трабзонспор, Турција), Агон ЕЛЕЗИ (Вараждин, Хрватска),  Јани АТАНАСОВ (Хајдук, Хрватска), Стефан СПИРОВСКИ (Пјуник, Ерменија), Давид БАБУНСКИ (Мезекевешд, Унгарија), Бобан НИКОЛОВ (ФЦСБ, Романија), Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија);

Напад:

Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (Абердин, Шкотска), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија), Илија НЕСТОРОВСКИ (Удинезе, Италија);

Собирот на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Финска (56. ФИФА ранг листа) и Азербејџан (123. ФИФА ранг листа) е закажан за 14. ноември (понеделник) во 12:00 часот во х. Хилтон во Скопје.

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција даде објаснување во врска со повиканите фудбалери за натпреварите на најдобрата наша селекција против Финска (17. ноември, 18:00 часот) и Азербејџан (20. ноември, 14:00 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:

„За жал повторно не сме комплетни и се навикнавме веќе 14 месеци поради различни причини да не можеме да ги собереме најдобрите во еден момент. Адеми, пак не е со нас, на последниот меч за Динамо заработи повреда на задната ложа. Чурлинов, Костадинов и Илиев се враќаат полека од повредите, но ги немаме за овие натпревари. Велковски е на список и ќе биде со нас, но 14 дена работи само индивидуални тренинзи. Доста подобра е формата на фудбалерите во однос на септември, пред сѐ тие што се носители, тука мислам на Барди, Елиф, Алиоски…дополнително тие што не беа на септемврискиот собир полека влегуваат во натпреварувачка форма како Давид Бабунски и Бобан Николов. Кире Ристевски имаше период на аклиматизација и сега е на задоволително ниво. Се надевам после викендов после клупските натпревари сите фудбалери ќе останат здрави“.

„На овие натпревари, очекувам подобрување во однос на дуелите во Лигата на нации. Сепак, ова се истите момци кои даваа по три, па и пет гола по натпревар. Можеби лошата форма и проблемите со ненаоѓање на тимови беа пресудни и се надевам дека тоа е веќе зад нас. Финска е одлична репрезентација, сериозен тим со кој ќе биде тешко. Исто така, Азербејџан е во голем подем. Овие натпреварите ќе ни послужат за нашиот правец и насока за иднината“.

Спорт

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Објавено пред

на

©porta.mk

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.

Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.

Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.

Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!

Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА

– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е  неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.

Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски

Број 7, Стефан Стојаноски

Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.

Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.

Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:

Прочитај повеќе...

Спорт

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Објавено пред

на

©porta.mk

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.

На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.

Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.

Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.

Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци

Објавено пред

на

©porta.mk

Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за прием на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот опфаќа различни категории на лиценци, согласно стандардите и програмите на УЕФА и ФФМ.

Центарот за едукација ја информира јавноста дека пријавувањето е отворено за следните тренерски програми: УЕФА А курс, УЕФА Б курс, УЕФА Б курс за голмани и УЕФА Ц курс.

Сите заинтересирани можат да поднесат пријава во предвидениот рок, во согласност со критериумите и упатствата објавени од Центарот за едукација на ФФМ. Подетални информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни во приложените документи.

Повеќе информации ќе најдете на официјалната страница од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево9 часа

(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух

Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа...

Хороскоп21 час

Хороскоп за недела (14 декември)

ОВЕН Вклучете се малку повеќе во настаните околу вас, особено ако се поврзани со луѓето кои ви значат. Помогнете му...

Спорт1 ден

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра,...

Хроника1 ден

Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место

На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А....

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (13 декември)

ОВЕН Направете планови за работа што ќе бара вистински професионалци, веројатно луѓе постари од вас. Без разлика на кој пол...

Кичево2 дена

(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка

Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче...

Македонија2 дена

Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Хроника2 дена

Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..

Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е...

Кичево2 дена

Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево

На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево...

Спорт2 дена

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор...

НАЈЧИТАНИ