Временска прогноза
Ова се најновите информации за временската прогноза за денес

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На некои места процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.
Во Скопје иоколината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е и појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени. Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност.
Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поголеми услови за нестабилност и на повеќе места ќе има утре, кога локално ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени. Пад на температурите за неколку степени ќе има во петок – за Еспресо вели метео прогнозерот Попоски.
Временска прогноза
По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде претежно сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу па и под 10 степени, а во делови од нашата Македонија, особено на повисоките и на планиснките места температурата ќе се спушти и под 5 степени, или близу 0 степени.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, а повремено во југоисточните предели таа ќе се искачува до околу 30 степени. Во Скопје температурата наутро во текот на оваа седмица ќе се спушти до околу 10 степени а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 30 степени.
Утре и задутре (вторник и среда 16/17 септември) ќе дува засилен, повремено и силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час. Наутро и тоа како ќе ни биде потребна потоплата облека поради очекуваните многу пониски минимални утрински температури на воздухот, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно

Под влијание на значително поладен воздух од север,денес понеделник (15 септември) во Македонија ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде стабилно, суво и со сончеви периоди. И во Скопје и околината денес понеделник (15 септември) ќе дува засилен ветер од северен правец, повремено ветерот ќе биде и силен и во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите денес понеделник (15 септември) тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 28 степени.
Особено свежо па дури и ладно утро ќе имаме во вторник (16 септември) кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени, а во Скопје и околината во вторник наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени.
Поради продорот на ладен воздух од север, особено во вторник наутро и тоа како ќе ни биде потребна топлата облека, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Нестабилна воздушна маса од утре до понеделник носи нова дестабилизација на времето и пороен дожд

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад која е поврзана со фронаталната долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во делови од Скопскиот регион од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) ќе биде нестабилно облачно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Поради ваквата ситуација и очекуваното ново невреме во Македонија, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер во зоната на нестабилност граѓаните да ги заштитат своите автомобили, тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 31 и 32 степени, извести метеорологот Славчо Попоски
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Спорт2 дена
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за вторник (16 септември)
-
Магазин2 дена
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…
-
Магазин2 дена
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн
-
Македонија20 часа
Од ноќеска цените на горивата се намалуваат
-
Временска прогноза23 часа
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно