Спорт
Ова се сите информации за билетите и протоколите за мечот Италија – Македонија
Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на бараж натпреварот Италија – Македонија во Палермо на 24. март за пласман на СП 2022, од понеделник (7. март 2022), можат да се пријавуваат за купување на билети за мечот преку следната електронска адреса: [email protected]
Заинтересираните поддржувачи на македонската репрезентација за купување билети за натпреварот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо може да аплицираат за влезници до 15. март 2022.
Преку електронска најава (име, презиме и број на билети) испратени на e-mail адресата [email protected], најпрвин се пријавуваат заинтересираните навивачи за купување билети (два или најмногу четири билети). Доколку има можност истите да ви бидат ставени на располагање, на e-mail адресата од која е испратено барањето, добивате посебен код за пристап на следниот линк ТУКА
Кодот за пристап и добивање можност за купување на билети за натпреварот на македонската репрезентација е ограничен, согласно регулативата за следење на фудбалски натпревари во услови на пандемија и регулативата за број на билети за гостински навивачи.
Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи. Цената на чинење на еден билет изнесува 12. ЕВРА.
ВАЖНА НАПОМЕНА:
Македонските навивачи кои ќе патуваат во Палермо, Италија за натпреварот Италија – Македонија мора да ги почитуваат следните регулативи на италијанските власти во услови на пандемија, истите може да ги најдете ТУКА
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево6 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево1 денПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (17 декември)
-
Временска прогноза5 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Култура1 денНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија22 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп20 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Магазин1 денГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
