Спорт
Ова се стартните 11 фудбалери на Македонската репрезентација против Хрватска
Спорт
Вчера ФФМ одржа семинар за заштита на интегритет и борба против местење на натпревари
Вчера во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше одржана работилница за „Заштита на интегритетот и борбата против местењето на натпреварите”. Во првиот дел од семинарот се разговараше за вредностите на фудбалската игра, проблемот со местењето на натпреварите, негово брзо откривање, безбедноста и заштитата на интегритетот, како и потребата на Уефа за заштитата од местењето на натпреварите.
Во вториот дел од семинарот беше презентиратана постапката и процесирањето на недозволените влијанија за заштитата на интегритетот на натпреварите и натпреварувањето.
Презентациите на работниот состанок беа спроведени од Роберт Марковиќ (раководител на одделот за безбедност и интегритет и Евгенија Милиновиќ (менаџер за меѓународен фудбал и развој).
Роберт Марковиќ, раководител на оддел за безбедност и интегритет при ФФМ.
-Пошироката јавност треба да биде запознаена и добро информирана за местењето на натпреварите, односно дека тоа се кривични дејствија кои го прават криминалците. Најбитното и суштинско е борбата против местењето на натпреварите на сите засегнати страни во спортот генерално, а посебно на фудбалската игра.
-Интегритетот претставува обврска спрема сопствените морални вредности и должности, начин на однесување, чесност и беспрекорност. Додека поимот местење на натпревари е манипулација со резултат на натпревар, а се со една цел, да се добијат големи суми пари со обложување.
-Клубовите од домашното првенство треба секогаш да имаат тесна соработка со ФФМ, што се однесува до овој тип на криминал. Главната цел на Фудбалската федерација на Македонија е подигнувањето на нивото на свеснот на сите чинители во фубалот. (фудбалери, тренери, судии, управи на клубови и службени лица), заврши тој за јавноста во интегралното соопштение на ФФМ.
Спорт
ФФМ: Активирана суспензија за фудбалскиот терен на Неготино
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за натпревари, на вондредна седница по прегледаните извештаи и снимки од натпреварот во рамки на 4. коло од Втора МФЛ одигран на ден 25.09.2024 година на Градскиот стадион Неготино помеѓу екипите на ГФК Вардар Неготино- ГФК Охрид Лихнидос поради физички напад од страна на неслужбено лице врз голманот на ГФК Охрид Лихнидос, комисијата донесе одлука според член 94 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Градски стадион Неготино.
Суспензијата како што наведува ФФМ во своето соопштение за јавноста стапува на сила веднаш.
Спорт
Истакнат официјален распоред и активности на македонските фудбалски репрезентации за месец октомври
Фудбалската федерација на Македонија ги истакна активностите на репрезентациите за месец октомври 2024. Во продолжение овие се следните активности и распореди на натпревари на репрезентации на Македонија, како и на женските репрезентации на Македонија за истиот месец.
Репрезентација: Македонија до 17;
Два контролни меча;
Датум: 1. и 3. октомври;
Противник: Кипар;
Место: Kипар;
Селектор: Раде Каранфиловски;
Репрезентација: Македонија до 19 години;
Квалификации за пласман на ЕП;
Датум: 9 – 15 октомври;
Противник: Летонија (9. октомври), Словачка (12. октомври), Луксембург (15. октомври);
Место: Луксембург;
Селектор: Вујадин Станојковиќ;
Репрезентација: Македонија;
Лига на нации;
Датум: 10. и 13. октомври;
Противник: Летонија (10.октомври), Ерменија (13. октомври);
Место: Рига и Јереван
Селектор: Благоја Милевски;
Репрезентација: Македонија до 21;
Квалификации за пласман на ЕП;
Датум: 11. и 15. октомври;
Противник: Молдавија (11. октомври), Грузија (15. октомври);
Местo: Скопје и Кутаиси;
Селектор: Драги Канатларовски;
Репрезентација: Македонија до 16;
Контролни натпревари;
Датум: 22. и 24. октомври;
Противник: Словенија;
Место: Скопје;
Селектор: Драган Начевски;
Репрезентација: Македонија до 19 футсал;
Контролни натпревари;
Датум: 23. и 24. октомври;
Противник: Црна Гора;
Место: Тиват;
Селектор: Зоран Лекиќ;
===================================
Репрезентација: Македонија до 15 (жени);
Уефа развоен турнир;
Датум: 29. септември – 5. октомври;
Противник: Косово (29. септември), Естонија (2. октовмри), Албанија (5. октомври);
Место: Албанија
Селектор: Јовица Блажевски;
Репрезентација: Македонија до 17 (жени);
Тренинг камп;
Датум: 30. септември – 4. октомври;
Место: Кичевo;
Селектор: Катерина Милеска;
Репрезентации: Македонија А жени и Македонија до 19 години жени;
Заеднички тренинг камп:
Место: Банско
Селектор: Александар Андов и Астрит Мерко;
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 септември)
-
Кичево1 час
(ФОТО) ФК „Кичево“ вечерва во Охрид прикажа „спартанска“ игра и го победи домаќинот „Еврофудбал“, за прв пат под рефлектори!
-
Временска прогноза13 часа
Од ноќеска, односно утре нагла промена на времето и пад на температурите
-
Култура8 часа
(ФОТО) Славата на светиот Крст во преубавиот Манастир Свети Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица
-
Македонија7 часа
Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува нападот на претседателот Сејдини
-
Магазин1 ден
Snapdragon 8 Gen 4 носи до 56% побрз графички процесор благодарение на јадрото Adreno 830 на 1,15 GHz
-
Магазин1 ден
Gmail сега ви помага да пишувате контекстуално подобри одговори со помош на Gemini AI
-
Магазин1 ден
Google Search го открива потеклото на сликите генерирани со вештачка интелигенција