Спорт
Ова се стартните 11 фудбалери од Македонската репрезентација вечерва против Италија
Спорт
Дел на Управниот одбор при ФФМ побарале закажување на итна седница
Фудбалската федерација на Македонија ја известува јавноста дека денеска (31. октомври 2024) се пристигнати дописи до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со кои дел од членовите на Управниот одбор на ФФМ бараат закажување на итна седница.
Согласно Статутот на ФФМ, претсетателот на ФФМ има обврска да свика седница во рок од 21 ден од денот на приемот на барањето за свикување на седница на Управен одбор. Во спротивно, членовите на Управниот одбор имаат право седницата да ја закажат самостојно.
За понатамошните случувања, ќе биде истакнато ново соопштение, велат за јавноста од Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
Милевска ги истакна следните фудбалерки во македонската репрезентација на „У17“ за квалификацискиот турнир во Унгарија
Македонската женска репрезентација до 17 години од 1. до 9. ноември во унгарски Телки ќе одигра три квалификациски натпревари во групата Б3 за пласман во Лига А од квалификациите за пласман на Европско првенство до 17 години.
Селекцијата предводена од Катерина Милевска првиот меч ќе го одигра на 2. ноември против Литванија, на 5. ноември се соочуваме со Андора, а квалификациите ги затвораме против домаќинот Унгарија на 8. ноември.
Како што известува Фудбалската федерација на Македонија, на списокот на селекторката Катерина Милевска се селедните фудбалерки:
ГОЛМАНИ: Теа САПУНЏИЕВ (Истатов), Евгенија ВЕЉАНОВСКА (Скопје);
ОДБРАНА: Арба МЕРКО (АС Јунајтед), Мила ПЕНЕВА (Скопје), Андреа КОЛОВСКА (Љуботен), Андреа АЛЕКСОВСКА (Скопје), Александра РИСТЕВСКА (Топ Гол), Канита ЕМИНИ (Истатов), Ема НАНОВСКА (Истатов);
СРЕДЕН РЕД: Лина ЛУКАНОВА (АС Јунајтед), Јована КАРАЛИОСКА (Топ Гол), Теона ГАЛАБОВСКА (Тиверија), Елена МАЦЕВСКА (АС Јунајтед), Блехана АЛИЕВСКА (Топ Гол), Ана Марија ЦВЕТКОСКА (Лангус);
НАПАД: Калина ПОПОЕСКИ (Милутинац), Ева ВЕЛИЧКОВСКА (Љуботен), Меланија ГРОЗДАНОВА (Истатов), Настасја НАКОВА (Љуботен), Розита ПЕЦЕВА (Тиверија)
Спорт
Победа и пораз за женската фудбалска репрезентација против Молдавија, селекцијата до 19 години два пати поразена од Бугарија
Македонската А женска репрезентација одигра два натпревари против Молдавија во рамки на тренинг кампот во Банско, Бугарија (21. – 29. октомври). Нашата најдобра женска селекција славеше со 1:0 на првиот меч со гол на Улза Максути, додека молдавките со истиот резултат запишаа победа на реванш натпреварот.
А репрезентација и селекторот Андов го искористија овој ФИФА прозорец за подготовка за квалификацискиот циклус заженската Лига на нации и Европските квалификации за 2026 година кој започнуваат во февруари следната година, а извлекувањето на групите е закажано на 7. ноември во Нион, Швајцарија.
На тренинг кампот во Банско, македонската женска селекција до 19 години одигра два меча против домашната репрезентација. Бугарија славеше со 1:0 на воведниот и 3:0 на вториот натпревар. Репрезентацијата на Астрит Мерко се подготвува за квалификацискиот турнир во Португалија од 27. Ноември до 3. декември во лига А, рунда 2, известуваат од ФФМ.
-
Кичево6 часа
(ФОТО) На влез во Кичево предмалку се случила тешка сообраќајка, има повредени
-
Кичево9 часа
Од денес официјално во Кичево за прв пат стартува со работа „Хотел за пневматици“, место каде уредно ќе се чуваат вашите летни или зимски гуми до сезонска промена!
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (ноември 2024)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за сабота (2 ноември)
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево, МВР реализира сообраќајно едукативна кампања „Безбедно возење трактори и земјоделски машини“
-
Кичево1 ден
Од денес нова неделна акција во „АТВА Маркети“ и попуст на сите најбарани производи!
-
Хроника7 часа
Вчера на превој „Барбарос“ према Прилеп, се случила трагична сообраќајка со смртни последици
-
Временска прогноза15 минути
Од утре па натаму во Македонија значително по студено време, ова се деталите