Следете не

Фудбал

(ВИДЕО) Проектил на Барди од слободен удар за 1:1 против Италија

Објавено пред

на

Енис Барди капитенот на македонската репрезентација од слободен удар упати проектил и заврши во голот на скапиот голман Донарума!

Погледнете:

Спорт

Македонската репрезентација летово ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска во Ријека

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар против бронзените од последното Светско првенство. На 3. јуни 2024. ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Ријека.

Последниот меч против Хрватска го одигравме на 12. октомври 2012 година од квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, противникот славеше со 2:1. На досегашните осум дуели против Хрватска, Македонија има една победа (17.11.2007, 2:0, квалификации за ЕП 2008)) и два нерешенни резултати.

Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари, изјави селекторот Благоја Милевски.

Прочитај повеќе...

Спорт

Благоја Милевски останува на кормилото на македонскиот национален тим до 2026-та година

Објавено пред

на

©porta.mk

Предводникот на нашиот најдобар национален тим останува на селекторската функција до крајот на квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2026, под истите услови како и досега.

Фудбалската федерација на Македонија, како и досега, ќе биде полна поддршка за селекторот Благоја Милевски и репрезентацијата. Се радуваме на новите предизвици и успеси.  Длабоко сме убедени дека со голема страст и амбиција, селекторот и неговиот тим ќе продолжат да работат за напредок на македонскиот репрезентативен фудбал.

Изминатите неколку месеци и натпреварите кои ги одигра македонската А репрезентација ни потврдија дека заеднички сме на вистинскиот пат. Во тимот се чувствува енергија и амбиција за нови големи резултати и уверени сме дека тоа е неверојатен мотив за работата во иднина“, стои во ставот на Управниот одбор на ФФМ.

Исто така, Фудбалската федерација на Македонија заради грубо кршење на одредбите на Статутот на ФФМ изрекува суспензија во траење од 2 години на ОФС Струмица. Фудбалските клубови – членки на ОФС Струмица продолжуваат со натпреварувањето во тековното првенство во истиот ранг на натпреварување каде се натпреварувале пред носење на оваа одлука, а во сезоната 2024/25 во рангот каде оствариле пласман.

Членовите на суспендираната членка нема да трпат спортски последици од изречената суспензија односно: Фудбалските судии и контролори, членови на ОФС Струмица продолжуваат со активно вршење на функцијата на листите каде тековно се наоѓаат согласно правилата за судии и судење.

До носење на наредна одлука, Комисијата за регистрација на ОФС Штип ќе ги извршува сите активности согласно своите надлежности и за клубовите и фудбалерите членови на ОФС Струмица, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Спорт

Елиф Елмас потпиша за Лајпциг до 2028 година, договор вреден 25 милиони евра

Објавено пред

на

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е нов фудбалер на Лајпциг. Наполи ќе добие 25 милиони евра, а Елмас потпишува договор до 2028 година.

Германците отворија преговори, понудија 25 милиони евра, а Наполи, на инсистирање и на Елмас, прифати да разговара. И се беше експресно, Елмас треба или утре, или најдоцна на 3.јануари, да ги мине лекарските прегледи и да му се приклучи на својот нов клуб во Германија.

Текст: makfudbal.mk

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за сабота (19 јули)

ОВЕН Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите вашето знаење и да ја подобрите вашата севкупна позиција....

Кичево8 часа

Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија11 часа

(ВИДЕО) МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на промоцијата на новоформираната специјализирана Единица за сајбер безбедност на Министерството за внатрешни...

Спорт11 часа

(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од...

Хроника14 часа

Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот

На 17.07.2025 во 14:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У....

Кичево14 часа

АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево Заштеди веднаш, само во...

Македонија14 часа

Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?

На 17.07.2025 во 14.21 часот на регионален пат Царев двор-Макази, кај место викано „Ипоз Преспа”,  полициски службеници од ОВР Ресен...

Lifestyle15 часа

Не ги ставајте овие овошја и зеленчуци во фрижидер – еве зошто

Правилното складирање на овошјето и зеленчукот може значително да влијае на нивната свежина, вкус и трајност. Иако фрижидерот често се...

Магазин16 часа

Google го најави датумот за претставување на новите Pixel уреди

Американската технолошка компанија Google најави дека на 20 август ќе го одржи својот следен голем настан – „Made by Google“...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (18 јули)

ОВЕН Ако неодамна сте донирале дел од вашите пари, сте позајмиле одредена сума на пријател или си купиле нешто непотребно,...

НАЈЧИТАНИ