Следете не

Здравје и убавина

Овие работи се важни за здравјето на очите

Објавено пред

на

Современиот начин на живот, кој вклучува секојдневно повеќечасовно користење на компјутерски екрани или телевизори, влијае негативно врз здравјето на очите, па се зголемува бројот на лица кои носат очила за вид или контактни леќи.

Добриот вид е нешто што сите треба да го цениме и негуваме, а еве како:

Избегнувајте сув воздух. Сувиот воздух од клима уредите, вентилаторите и греалките ја намалува влажноста на очите, па затоа треба да се избегнува директната изложеност на дејството на овие уреди.

Заштитете се со очила за сонце. Носете очила за сонце секогаш кога излегувате од дома, дури и во зима. Очилата не само што ги заштитуваат очите од УВ-зраците, туку ги штитат и од непријатниот ветер, како и од нечистотиите и прашината кои лесно можат да завршат внатре во окото.

Носете очила за пливање. Очилата за пливање ќе ги заштитат вашите очи од хлорот во базените или од солта.

Секогаш користете чиста крпа за лице. Не треба да користите заедничка крпа со некој друг и не треба да ја мешате крпата за лице со крпата за раце.

„Нахранете“ ги очите. Секој дел од вашето тело се влијае од храната што ја консумирате, вклучително и очите. Консумирајте храна која содржи антиоксиданси и витамини А, Ц и Е. Барем двапати неделно консумирајте риба и спанаќ, а почесто јадете и брокули, јајца, моркови, боровинки, бадеми, домати и тиква.

Заменете го обичното чоколадо со темно. Темното чоколадо е богат извор на антиоксиданси кои се борат против многу очни болести.

Ако работите на компјутер, на секој половина час правете кратка пауза. Наместете го мобилниот да ви даде знак да правите пауза на секој половина час. Тргнете ги очите од мониторот и фокусирајте се на предмет кој се наоѓа подалеку од вас (или на другата страна на просторијата или гледајте низ прозорец).

Користете ладно млеко против уморни очи. Ако треба да излегувате, а чувствувате дека очите ви се уморни, натопете памучни тампони со ладно млеко и поставете ги врз очните капаци. Легнете и релаксирајте се неколку минути. На овој начин вашите очи ќе се одморат.

/denar

Здравје и убавина

Како полесно да ја издржите диетата за слабеење

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ i yunmai

Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден „слободен ден“ во неделата кога можеме да изедеме нешто што инаку е забрането, значително се зголемува веројатноста да се остане доследен на режимот.

Во истражувањето биле вклучени две групи луѓе кои имале цел да ослабат: првата група секој ден консумирала по 1.500 калории, додека втората шест дена во неделата јадела по 1.300 калории, а седмиот ден добивала дозвола да внесе околу 2.700 калории.

Резултатите покажале дека учесниците од првата група побрзо ја губеле мотивацијата. Кај втората група, пак, сознанието дека имаат „награден ден“ делувало мотивирачки, па поретко се откажувале од диетата.

Интересно е што и покрај разликите во пристапот, двете групи забележале слично намалување на телесната тежина.

Извор: taratur

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Somnox Sleep

Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз трик кој може да ви го промени стартот на денот. Според стручњаците, доволни се само 90 секунди под туш за да го „разбудите“ телото и да се наполните со енергија.

Професионалците од академијата „Кериер Грл“ истакнуваат дека голем дел од луѓето имаат погрешни навики при утринското туширање. Имено, топлата вода создава дополнително чувство на релаксација и поспаност, па дури и кога ќе излезете во студената просторија телото сè уште е „во режим на спиење“.

Нивната препорака е следна: започнете 30 секунди со ладна вода, продолжете 30 секунди со топла и завршете повторно со 30 секунди ладна вода.

Иако на почеток можеби ќе ви биде непријатно, овој контрастен туш ја поттикнува циркулацијата и ги активира капиларите, што делува како природен „вклучувач“ на мозокот и телото. Дополнително, ваквото туширање може да помогне во намалување на стресот, зајакнување на имунитетот преку зголемено создавање бели крвни клетки и поефикасно согорување масти.

Овој ритуал редовно го користат и светските ѕвезди, кои дел нагласуваат дека ладно-топлото туширање делува како природен антидепресив, бидејќи го стимулира мозокот со зголемени електрични импулси и носи чувство на освежување и благосостојба.

/таратур

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Пробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Moon Moons

Доколку во вашето утринско кафе додадете малку чоколадо, можете полесно да се сконцентрирате и посмирено да го започнете денот, покажува истражување спроведено на Универзитетот во Џорџија.

Научниците ги споредиле ефектите врз „менталната енергија“ кај луѓе кои пиеле кафе со чоколадо, обично кафе, кафе само со кофеин и комбинација од кофеин и чоколадо. Секој учесник секојдневно консумирал по еден од овие четири напитоци, по што решавал тест за ментална будност.

Оние што пиеле кафе со чоколадо, како и комбинацијата кофеин–чоколадо, покажале побрзи реакции и поголема точност во решавањето задачи во споредба со останатите групи.

Освен подобрувањето на концентрацијата, резултатите откриле и дека чоколадото може да ја намали „напнатоста предизвикана од кофеинот“.

„Овој напиток го подобрува протокот на крв во деловите на мозокот одговорни за вниманието и когнитивните функции. Кофеинот, пак, може да ја зголеми нервозата, но чоколадото го ублажува овој негов ефект“, истакнуваат истражувачите.

Сепак, експертите предупредуваат дека консумирањето чисто кафе може да ја засили агресивноста кај некои луѓе.

Затоа, додадете парче чоколадо во вашето кафе и решете ги двата најчести утрински предизвици!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Здравје и убавина36 минути

Како полесно да ја издржите диетата за слабеење

Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден...

Временска прогноза10 часа

Се менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите

Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за сабота (6 декември)

ОВЕН Треба да се ослободите од дополнителни обврски, но немате доволно енергија да се вклучите на повеќе страни истовремено. Прифатете...

Македонија1 ден

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат...

Спорт1 ден

Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа

Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу...

Lifestyle1 ден

(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика

Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно...

Магазин1 ден

Ивана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно

Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како претходните години, продолжува и оваа година по...

Автомобили1 ден

„Tesla“ постави нов рекорд во продажба на електрични автомобили во Норвешка

Според најновите податоци објавени од Yahoo! Finance, Tesla постави нов рекорд на норвешкиот пазар на електрични автомобили. Американскиот гигант во...

Временска прогноза2 дена

Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата

Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (5 декември)

ОВЕН Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка....

НАЈЧИТАНИ