Кичево
(ФОТО) ОВР Кичево вчера презентираа превентивни мерки во кампањата „Безбедно лето 2023“

На 25.07.2023, полициски службеници од ОВР Кичево, пред Локалниот совет за превенција при општина Кичево ги презентираа превентивни мерки што ОВР Кичево ги презема во рамките на кампањата „Безбедно лето 2023“ во градот и во приградските населби, посветени на граѓаните и нивната безбедност.
Целта на мерките и кампањите е низ непосредни контакти со граѓаните, да им се укаже на потребата од зачувување на стабилноста во јавниот ред и мир, за сообраќајната безбедност, за заштита на имотите и вредните предмети од кражби, за заштита од бесправна сеча на шуми, за заштита на шумите и зелените површини од пожари, за измами во врска со подигнување на брзи кредити, за проектот „Соседска патрола“ и други мерки за заштита на младите.
Притоа, беше нагласено дека во реализацијата на кампањата „Безбедно лето“, значајна е поддршката од службите во локалната самоуправа и другите надлежни институции, за нашиот медиум истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
На „Стража“ предмалку се случила сообраќајка помеѓу мотор и автомобил

Предмалку од извори на терен дознаваме дека формиран е поголем сообраќаен метеж поради случена сообраќајка на превој „Стража“, во непосредна близина на бензинската пумпа „Лукоил“
Учесници во сообраќајката биле пмв. „Голф“ и мотор.
На терен се забележани медицински екипи на Општа Болница – Кичево и Полициски службеници при ОВР Кичево.
Дополнителни информации за здравјето на учесниците немаме.
Обновено инфо: Две медицински возила се забележани према Скопје
Повеќе детали очекуваме во текот на утрешниот ден од СВР Охрид.
Кичево
За прв пат во Македонија и Кичево, од манастирската фарма на „Богородица Пречиста,“ свежо, органско кравјо млеко и сирење

Со радост ве известуваме дека за прв пат во Македонија, манастирот Богородица Пречиста, познат по својата долга и развиена сточарска дејност, се погрижи жителите на градот Кичево и околината да имаат можност да набавуваат свежо, органско кравјо млеко, директно од манастирската фарма. Повеќегодишното искуство во сточарството и млекарството на жителите во манастирот, донесе голем раст во поглед на модернизацијата и зајакнувањето на земјоделските задруги, меѓу кои една се наоѓа токму над градот Кичево, на 1000 м. надморска височина, „Крнино“.
Грантот за поддршка на земјоделскиот сектор финансиран од ЕУ од ИПА 2019 програмата, додели на земјоделската задруга млекомат и молзилиште. Тоа придонесе за одличен резултат во поглед на хигиената, односно за врвен квалитет.
Како што не известуваат за нашиот медиум официјалните лица, млекото е достапно преку современ млекомат, кој овозможува да го добиете производот секогаш свеж, со зачувани природни хранливи својства, кои се особено важни за човековото здравје. На овој начин, секој може брзо и лесно да ужива во вкусот на вистинското, непастеризирано млеко, без додатоци и конзерванси.
– Млекоматот се наоѓа во центарот на градот, односно во непосредна близина на стариот објект на Општина Кичево или сегашно седиште на ЈП Комуналец и работи постојано.
Секој што ќе посака има можност да проба од овој еликсир за здравјето и сам да се послужи во секое време во текот на целото деноноќие. Одбраниот производ и неговата количина е во релација со потребната сума која купувачот сам ја внесува во млекоматот. Во исто време, млекоматот нуди можност да се одбере калап и од манастирското органско сирење.
Се’ што треба да се направи е да се одбере посакуваната шифра на производот, да се плати износот, а потоа, заедно со најблиските, да се ужива во вкусот на манастирското кравјо сирење, стои во официјалното известување за јавноста.
Ние веќе одиме да ги вкусиме млечните производи, а вие?
Кичево
(ФОТО) Во кичевската гимназија „Мирко Милески“ денес за прв пат се одржа свечено доделување на дипломи за матуранти

Во училишниот двор на ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево за прв пат се одржа свечено доделување на дипломи за матурантите од генерацијата 2021/2025. Класните раководители им ги врачија дипломите, а присутните беа поздравени од директорот Бранислав Стојаноски, кој им посака успех во понатамошното образование.
Од име на матурантите, говор одржа Ивона Димоска, изразувајќи благодарност до професорите за нивната посветеност во изминатите четири години.
Видео и галерија од денешниот настан:
-
Кичево18 часа
За прв пат во Македонија и Кичево, од манастирската фарма на „Богородица Пречиста,“ свежо, органско кравјо млеко и сирење
-
Кичево13 часа
На „Стража“ предмалку се случила сообраќајка помеѓу мотор и автомобил
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (15 август)
-
Македонија23 часа
Кај возач на возило, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Берово, била пронајдена дрога, возачот бил лишен од слобода
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за сабота (16 август)
-
Временска прогноза1 ден
Метео мапата за викендов укажува промена на времето, нестабилност, проследена со дожд и засилен ветер?
-
Македонија2 дена
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Култура22 часа
Денес се празнува „Откривањето и преносот на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“, еден од четирите празници посветени на овој светец.