Кичево
(ФОТО) Порта.мк се приклучи кон акцијата „Пакетчиња за сите дечиња“, нивната насмевка е најголем дар на денешницата!
Денес проектот на Wik од Охрид го продолживме во Кичево каде помогнавме во големата акција „Пакетчиња за сите Дечиња“ и со скромна донација ги израдувавме возраснисте и децата со попреченост од здружението „Надеж“.
– Денешниот ден е резервиран за насмевки, најпрво бевме во с.Манастирец – Мак.Брод каде прекрасно со поминавме, за денот да го завршиме во Кичево.
– Бескрајно сме благодарни што се приклучивте како медиум и дониравте пакетчиња. Тоа е вистински поттик и останатите да ни се приклучат и да донираат, затоа што детската насмевка е непроценлив дар, за порта.мк истакна еден од главните виновници за оваа акција – Wik Kakarotski.
Моментот на среќа изгледаше вака, додека фотографиите се со нивна согласност
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (23 октомври)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за петок (24 октомври)
-
Временска прогноза23 часаПериодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
-
Lifestyle2 денаНајефикасниот начин за отстранување на мувла од ѕидовите, според експертите
-
Кичево51 минутаУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Магазин2 денаКрем супа од печурки – вкусен и лесен рецепт за топол оброк
-
Магазин2 денаWhatsApp воведува нова мерка против спам: ограничување на бројот на пораки
-
Македонија1 денДенеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација






