Следете не

Свет

Париз го откажа спектакуларниот новогодишен огномет поради новонастанатата Ковид-19 ситуација со сојот „Омикрон“

Објавено пред

на

Париз го откажа новогодишниот огномет и другите настани на Елисејските полиња, во согласност со новите владини мерки за спречување на ширењето на омикронската варијанта на коронавирусот, објави во саботата телевизијата БФМ.

Францускиот премиер Жан Каст во петокот објави дека се забранети големите јавни настани и огнометот за новогодишната ноќ и им препорача на жителите, дури и ако се вакцинирани, да направат тест за Ковид-19 пред новогодишните приватни прослави.

Франција во петокот имаше 58.128 нови случаи на инфекција, со 162 смртни случаи, според официјалните податоци.

ФОТО: Nicolas

Свет

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/nagix.github.io/X/WorldEQLocator

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.

Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.

Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.

Прочитај повеќе...

Свет

(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Фудбалерите на Ливерпул сè уште ја прославуваат титулата која ја обезбедија уште пред крајот на сезоната. Во неделата, тие официјално го подигнаа трофејот пред своите навивачи.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ја одбележат победата, како што и се очекуваше.

Меѓутоа, прославата беше засенета од еден немил настан.

Невообичаена и вознемирувачка ситуација настана кога непознат возач со автомобил влета меѓу навивачите кои славеа.

– Предмалку полицијата во Велика Британија соопшти дека еден маж е приведен во Ливерпул, северна Англија, по пријавите дека автомобил се судрил со пешаци.

„Моментално се справуваме со пријави за сообраќајна несреќа во центарот на Ливерпул“, соопшти полицијата од Мерсисајд на X во понеделник. „Бевме контактирани веднаш по 18 часот денес, понеделник, 26 мај, по пријавите дека автомобил се судрил со голем број пешаци на улицата Вотер. Автомобилот застанал на местото на настанот и еден маж е приведен“, се додава во соопштението.

Прочитај повеќе...

Свет

Трамп упати закана до „Apple“ дека ќе воведе повисок данок за „iPhone“ мобилните уреди

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Доналд Трамп му се закани на технолошкиот гигант „Apple“ дека ќе воведе данок од најмалку 25% на „iPhone“ мобилните уреди, ако компанијата не го врати производството во САД.

– Преку својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп изјави дека одамна му кажал на извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, дека очекува „iPhone“ уредите што се продаваат во Америка да се произведуваат токму таму, а не во Индија или други земји. Тој предупреди дека ако ова не се промени, „Apple“ ќе се соочи со високи увозни давачки.

Оваа изјава доаѓа по објавата на „Apple“ дека планира дел од производството на американските „iPhone“ телефони да го префрли во Индија, каде компанијата ќе вложи 1,5 милијарди долари во изградба на фабрика. Ова наводно довело до недоразбирање меѓу Трамп и Кук.

Инаку, Индија има основен увозен данок од 10%, додека во Кина тој изнесува 30%. Иако уредите на „Apple“ досега беа ослободени од многу даноци, иднината околу тие олеснувања е неизвесна.

Иако „Apple“ вети инвестиции од 500 милијарди долари во САД во следните четири години, засега производството на нивните уреди во Америка сè уште не се гледа како реална опција.

Извор: theverge.com / Truth Social
ФОТО: Unsplash.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт56 минути

Албанија и Латвија одиграа без победник во натпревар од квалификациите за СП

Албанија и Латвија одиграа нерешено 1:1 во Рига во натпревар од квалификациите за Светското првенство, во истата група каде што...

Хороскоп1 час

Хороскоп за среда (11 јуни)

Овен Нема причина да ги обвинувате другите за тековниот неуспех затоа што е можно грешките да се во вас, а...

Автомобили2 часа

(ВИДЕО) „Audi“ месецов ќе го претстави новиот модел на „Q3“

На 16 јуни, Audi ќе го претстави новиот модел Q3, со кој планира да постави нови стандарди во премиум компактниот...

Скопје9 часа

МВР: Млада охриѓанка вработена во скопско казино пронајдена без знаци на живот

На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во...

Кичево14 часа

Жива е Македонија! Кичевските полуматуранти од ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ со оро ги развиорија македонските знамиња!

Кичевските полуматуранти од ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како основци. Тие...

Временска прогноза17 часа

Денес во Македонија продор на свежина од север, ова се метео информациите

Поради продор на посвежа воздушна маса од север, во Македонија ни следуваат многу попријатни температури на воздухот, како и намалување...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (10 јуни)

ОВЕН Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и приоѓате на личност што ви се допаѓа долго време....

Спорт1 ден

Манчестер Јунајтед нема да смета на некој фудбалери, еве кои имиња нема да бидат дел од следната сезона

Манчестер Јунајтед објави дека тројца фудбалери – данецот Кристијан Ериксен, швеѓанецот Виктор Линделоф и поранешниот репрезентативец на Северна Ирска, Џони...

Технологија1 ден

„nVIDIA“ со скок во приходите – гејмингот сè уште има важна улога

Nvidia успеа да ги надмине очекуваните приходи за речиси 800 милиони долари, главно благодарение на одличните резултати во гејмерскиот сектор,...

Спорт1 ден

Трајковски ја запечати судбината на Казахстан и донесе голема победа на Македонија. Во септември на градски го дочекуваме Лихтенштајн кој на гости го победивме 0:3

Репрезентацијата на Македонија ја забележа својата втора победа во квалификациите за Светското првенство 2026, совладувајќи го Казахстан со 0:1 во...

НАЈЧИТАНИ