Македонија
Популарната и најбројна фејсбук група „Патувања низ Македонија“ со мега понуда на рекламни постови за вашиот бизнис
Најголемата и најпопуларна фејсбук група од Македонија „Патувања низ Македонија“ станува и најатрактивно место за вашите реклами, понуди на сопствени бизниси, туристички понуди, кафе-барови, ресторани, хотели, спа-центри и се останато.
Ги контактиравме одговорните на групата кои на неколку портали им беше јавно заблагодарено за нивната работа и промовирање на Македонија, за тоа како се движат работите во однос на реклама и колку се задоволни менаџерите на сопствени бизниси од таа реклама.
– „Најпрво да ви се заблагодарам за вашиот интерест во однос на нашата група и нејзиниот приоритет за рекламирање, пред се морам да прецизирам за тоа дека не ќе беше успешен проектот за промовирање на нашите убавини па ете сега и рекламна категорија доколку не постоевте вие на број од нешто помалце од 225.000 луѓе, така што сигурно ќе немавме таква интеракција и опсег на прегледи.“
– Што се однесува до луѓето на кои им излеговме во пресрет можеме да кажеме само пофални зборови, бидејќи со дозвола за споделување и прикачување на постот на видно место интеракцијата на клиенти секогаш давала резултат врз нивните бизниси, така што во овие мрачни Ковид-19 бранови сметаме дека нашата нова „рекламна категорија“ допринесе многу во бизнис индустријата. – на крај додава г-дин Манев.
Тука го завршивме разговорот со еден од основачите на популарната група г-дин Манев Спасе, а вие драги читатели доколку не сте пристапиле на „Патувања низ Македонија“ веднаш кликнете ТУКА и влезете, модераторите веднаш ќе ви го овозможат вашиот пристап и престој.
Македонија
ЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија
Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони.
Битолски регион: Излевање на реката Шемница кај с. Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река.
Преспански регион: Излевање на реки во с. Царев Двор и Дрмени со поплавени куќи; Постои опасност од излевање на Голема Река.
Струмички регион: Нема пријавени штети; регистрирани се одрони на патниот правец Струмица–Валандово.
Скопски регион: Зголемено нивото на речните корита, но засега без излевања на водотеците од нивните корита.
Велешки регион: Одрони и паднато дрво на два патни правци. Реката Вардар е на многу висок водостој со можност за излевање кај автобуската станица.
Штипски регион: Нема пријавени проблеми.
Охридски регион: Значително покачени водостоите на реките; излевања на повеќе места и ризик за поплавување на поединечни станбени објекти. Активирани се екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска Река.
Кумановски регион: Нема излевања во Куманово и Липково; се расчистуваат наноси кај с. Коинце.
Кратовски регион: Зголемени водостоји, но без штети. Исчистен е одрон на патниот правец Страцин–Пробиштип.
Тетовски регион: Нема пријавени штети; водостоите се зголемени, но без излевања.
Од УХМР информираат дека денес се очекува променливо облачно време со локални обилни врнежи, можни грмежи и силен јужен ветер над 60 km/h. Температури од 13 до 19 °C; во Скопскиот регион до 17 °C.
Најмногу врнежи се измерени во Претор (66 l/m²), Крушево (37), Битола (30) и Прилеп (26). Забележан е висок водостој на реката Сатеска во Охридскиот регион, со препорака за зголемено внимание.
Сите надлежни институции се навремено известени од страна на Центарот за управување со кризи за сите овие појави и веќе се преземаат соодветни мерки за санација и заштита на населението и инфраструктурата.
Апелираме до граѓаните да избегнуваат движење во близина на речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат упатствата на надлежните служби, а доколку забележат било каква опасност – веднаш да пријават на бесплатниот број за итни повици 112 во ЦУК.
Извор: ЦУК
Македонија
АМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента
Во 03.30ч непрооден патен правец Охрид-Св.Наум дел од стовариште „Митко“, десна коловозна лента во правец на Охрид околу 100м, има вода од околу 30см. УПС пренасочува сообраќај по лева коловозна лента.
На м.н. ТППЕ. Известени ЈП Македонија Пат, рано утрово известија од АМСМ.
Македонија
Државниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
Државниот пазарен инспекторат на ден 17.11.2025 година и 18.11.2025 година, изврши инспекциски надзори на територија на градовите Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга кај 23 правни субјекти кои вршат трговија на мало со тутун и производи од тутун.
При извршените инспекциски надзори кај 16 правни субјекти затекнати се количини на тутунски производи за кои правните субјекти не поседуваат документи за набавка од добавувач и ги немаат потребните ознаки акцизни марки.
Согласно законските надлежности, затекнатите производи во количина од над 3000 пакувања со вредност од над 1.000.000,00 денари се привремено одземени и предадени во Агенцијата за управување со одземен имот на Република Македонија.
За констатираните прекршоци, Државниот пазарен инспекторат постапувајќи согласно законските надлежности издаде прекршочни платни налози.
Државниот пазарен инспекторат, за констатираните неправилности достави известување и до другите надлежни институции, Царинската управа и Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување.
Државниот пазарен инспекторат истакна дека ќе продолжи со спроведуведување на инспекциските надзори со цел утврдување и санкционирање на нелегалната трговија на територија на Република Македонија согласно законските надлежности. Акцијата е дел од посветеноста на Државниот пазарен инспекторат за борба против корупцијата и криминалот.
-
Магазин2 денаПорака од возач на Брза Помош, почит за сите возачи, наши спасители!
-
Кичево24 часаЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (20 ноември)
-
Кичево2 дена„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево
-
Хороскоп11 часаХороскоп за петок (21 ноември)
-
Македонија18 часаДржавниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
-
Без категорија10 часаЖолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме
-
Македонија2 денаЈанев и Спироски во македонската делегација на регионалниот стратешки состанок во Тирана, организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на закон

