Следете не

Lifestyle

Пазарот на криптовалути во црвенo, се бележи пад за дури 7 проценти

Објавено пред

на

Цената на криптовалутите паѓа утрово.

Според податоците од страницата Коиндеск, во моментов се тргува со биткоин по цена од 33.201 долари, што претставува пад од 3,62 проценти во последните 24 часа.

Втората најпозната криптовалута во светот, Етер, бележи уште поголем пад. Во последните 24 часа опадна за 6,21 процент. Тековната цена на етер е 2.023 американски долари.

Пазарот на криптовалути е нестабилен, тој забележа благ пораст вчера, а утрово е во минус, односно паднаа цените за трговија.

Lifestyle

Дали рчите во сон? Причина може да биде оваа секојдневна навика

Објавено пред

на

Фото: Shane / unsplash

Рчењето е чест проблем кој не само што го нарушува сонот, туку може да биде и знак за длабоки нарушувања на дишните патишта. Будењето со сува уста и чувство на замор може да бидат првите индикатори дека нешто го попречува нормалното дишење за време на спиењето.

Што ја предизвикува иритацијата на грлото?

Една од навиките која сѐ повеќе се поврзува со рчењето е користењето електронски цигари (вејпирање) или пушењето тутун. И двата вида инхалација можат да доведат до иритација на дишните патишта, оток и акумулација на слуз, што го попречува протокот на воздух. Овие промени може да предизвикаат вибрации на меките ткива во грлото и носот, што резултира со појава на рчење.

Некои состојки во електронските цигари, како пропилен гликолот, ја сушат слузницата на грлото, што дополнително ја зголемува веројатноста за иритација. Никотинот, исто така, може да ги опушти мускулите во грлото, што води до делумно затворање на дишните патишта за време на спиењето.

Како настанува рчењето?

Рчењето се јавува кога воздухот тече низ стеснети дишни патишта, предизвикувајќи вибрации на мекото ткиво. Ова може да биде резултат на блокирани синуси, лоша положба на телото, стеснување на грлото или други анатомски и надворешни фактори.

  • Тивко рчење често е поврзано со затнати носни патишта.

  • Гласно и длабоко рчење укажува на блокада во задниот дел на грлото.

Што можете да направите?

Ако се соочувате со проблеми при спиење или рчите редовно, размислете за промени во секојдневните навики. Еве неколку практични совети:

  • Избегнувајте пушење и вejпирање, особено пред спиење.

  • Намалете го внесот на алкохол во вечерните часови.

  • Обидете се да спиете на страна наместо на грб.

  • Користете соодветна перница за правилна положба на главата и вратот.

  • Одржувајте здрава телесна тежина и редовна физичка активност.

Промените во стилот на живот може значително да го подобрат квалитетот на сонот, да го намалат рчењето и да придонесат за подобро здравје на долг рок.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Како да го исчистите одводот без сода бикарбона и оцет: Ефикасни и едноставни решенија

Објавено пред

на

Фото: Giorgio Trovato / unsplash

Избегнете скапи поправки со домашни методи кои навистина функционираат

Затнат одвод е проблем со кој се соочуваат многумина – водата почнува бавно да се исцедува, а од мијалникот доаѓаат непријатни звуци или мириси. Иако најчесто се препорачува користење на сода бикарбона и оцет, оваа комбинација не е секогаш најефикасна против масните наслаги кои најчесто се причина за затнувањето.

Зошто сода и оцет не помагаат секогаш?

Комбинацијата од сода бикарбона и оцет предизвикува хемиска реакција, но резултатот од неа е претежно вода и сол – супстанции кои не се доволно силни за да ги разградуваат маснотиите и тврдокорните наслаги во одводот. Затоа, експертите предлагаат попрактични и поефикасни алтернативи.

Едноставен метод со детергент и врела вода

Една од наједноставните и најбезбедни техники за одзатнување на одводот е комбинацијата на обичен детергент за садови и врела вода. Еве како:

  1. Зовријте околу еден литар вода.

  2. Додадете неколку капки детергент за садови.

  3. Оставете мешавината неколку минути да стои.

  4. Внимателно истурете ја во одводот.

Детергентот помага во разградување на маснотиите, додека врелата вода ги раствора преостанатите остатоци. Постапката може да се повтори ако е потребно.

Алтернативен трик за потешки затнувања

Ако основниот метод не помогне, може да се проба следниот пристап:

  • 1 лажичка детергент

  • ½ чаша сода бикарбона

  • 2 чаши оцет

Истурете ги состојките во одводот, покријте со влажна крпа и оставете десет минути. Потоа исплакнете со врела вода. Иако содата и оцетот се вклучени, тука улогата на детергентот и температурата имаат многу поголемо влијание.

Како да спречите затнување на одводот

Превенцијата е најдобриот начин за одржување на чисти цевки. Еве неколку совети:

  • Не фрлајте остатоци од храна, мрснотии или коса во одводот.

  • Користете заштитни мрежи на мијалниците и туш кабините.

  • Редовно отстранувајте ја насобраната нечистотија.

  • Повремено исплакнувајте ги одводите со врела вода.

Со редовно одржување и внимателно користење, можете да го продолжите животниот век на водоводниот систем и да избегнете скапи интервенции.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Што се случува во вашето тело кога не пиете доволно вода?

Објавено пред

на

Дехидрацијата може сериозно да влијае врз вашето здравје

Недоволниот внес на вода има многу пошироки последици од само чувство на жед. Дехидрацијата може негативно да влијае врз менталната јасност, физичките перформанси и дури и кардиоваскуларното здравје.

Како дехидрацијата влијае на мозокот и концентрацијата?
Истражувањата покажуваат дека дури и блага загуба на течности може да доведе до:
• Намалување на работната меморија
• Зголемено ниво на стрес
• Потешкотии во концентрацијата

Според д-р Навила Авал, важно е да се пие вода редовно во текот на денот, а не само кога сте жедни. Телото губи течности постојано, а кога волуменот на крвта се намалува, се намалува и протокот на крв во мозокот.

Последици по телото и дигестивниот систем
Недоволната хидратација може да:
Го зголеми ризикот од мозочен удар
• Предизвика запек, бидејќи телото црпи повеќе вода од храната во цревата
• Доведе до сува и нееластична кожа, појава на брчки и други знаци на стареење
• Ја намали издржливоста, силата и физичките перформанси

Врска меѓу жедта и гладот
Често телото ја меша жедта со гладот, што доведува до прекумерно внесување храна. Соодветната хидратација може да помогне да се контролира апетитот и да се одржи здрав метаболизам.

Колку вода треба да пиете?
Препорачаната дневна количина е околу 2 до 2,5 литри вода, но ова може да варира зависно од:
• Возраст
• Пол
• Ниво на физичка активност
• Температура на околината
• Внес на кофеин и алкохол

Физички симптоми на дехидрација
Сува или леплива уста
Испукани усни
Замор и пад на енергија

Д-р Надира истакнува дека заморот често е прв знак на дехидрација, но многумина го игнорираат. Кога телото нема доволно вода, мора да работи понапорно за да ги извршува секојдневните функции, што доведува до исцрпеност.

Пиењето доволно вода може да направи разлика – не само за телото, туку и за умот.

Извор: 24H

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Храна56 минути

Следните 6 витамини се најзастапени во магдоносот, истиот може да помогне при висок крвен притисок

Магдоносот спаѓа во зачински билки кои најчесто се користат при готвење, а покрај својата арома обезбедуваат бројни хранливи материи и...

Македонија9 часа

Од вечерва бензин 95 и дизел поскапуваат, ова е новата цена за литар

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle11 часа

Дали рчите во сон? Причина може да биде оваа секојдневна навика

Рчењето е чест проблем кој не само што го нарушува сонот, туку може да биде и знак за длабоки нарушувања...

Lifestyle11 часа

Како да го исчистите одводот без сода бикарбона и оцет: Ефикасни и едноставни решенија

Избегнете скапи поправки со домашни методи кои навистина функционираат Затнат одвод е проблем со кој се соочуваат многумина – водата...

Македонија11 часа

Во автобус со турски државјани во Охрид починал турист кој бил дел од групата

На 18.05.2025 во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција...

Македонија12 часа

МВР: Со „БМВ“ возел 111 км/ч на место каде е дозволено 50 км/ч

На 18.05.2025 во 09.57 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Х.А.(56)...

Скопје13 часа

Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на уринарен сфинктер

Универзитетската клиника за урологија во Скопје, започна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер, нова процедура, која досега...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (19 мај)

Овен Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа...

Здравје и убавина1 ден

Положбата на спиењето кај луѓето е многу важна за здравјето и метаболизмот

Сигурни сме дека често не размислувате за позата во која спиете, бидејќи после напорниот ден единствено е важно да легнете...

Временска прогноза2 дена

Попоски: Продолжува нестабилно време, со развој на грмотевични облаци

Во текот на новата седмица која ни претстои, односно во периодот од понеделник (19 мај) до недела (25 мај) во...

НАЈЧИТАНИ