Временска прогноза
Период на стабилно и топло време, денес на некои места попладневно заладување

Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со високи температури на воздухот, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздшна маса од Африка. Ќе дува слаб до умерен, повремено и тоа особено денес засилен ветер од северен правец.
Исто така исклучок ќе биде денешниот ден кога во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за ретка појава на град.
Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во првите денови од неделата ќе бележат тенденција на мал пад и максималните температури ќе се искачуват во интервалот од 28 до 36 степени.
Нов ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите ќе има од четврток, и истите тогаш насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите предели максималните температури ќе се искачат до 40 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.
Во Скопје и околината во следниот период времето ќе биде стабилно , суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено и тоа особено денес засилен ветер од северен правец. Исто така денес попладне има мали услови за локална и краткотрајна нестабилност.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 31 и 33 степени, додека од четврток истите ќе надминуваат и 35 степени, за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.
Европските алпи се покриени со снег среде јули.
Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.
Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на покрупен град.
– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд

Викендов во Македонија и понатаму ќе биде под влијание на многу топлиот бран кој продира од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува на интензитет. И во Скопскиот регион викендов ќе имаме претежно сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, како и негово повремено засилување на интензитет.
Сепак, поради продор на поладен воздух од север на висина, утре (недела 6 јули) во попладневните часови ќе имаме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час), силни електрични празнења и со услови за појава на град кој би можел да биде и покрупен.
Ваквите поинтензивни атмосферски процеси особено ќе ги има во планинските предели.
Што се однесува до температурите, тие викендов и понатаму насекаде низ нашата Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие локално повторно ќе надминуваат 40 степени. И во Скопје и околината температурата викендов ќе достигне до околу 40 степени, или ќе надминува 40 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова, апелирам, осоебно оние повозрасните граѓани без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот).
Исто така, на граѓаните ги советувам да пијат и повеќе течности за време на овие големи летни горештини, утрово информираше Славчо Попоски
-
Кичево17 часа
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“
-
Кичево2 дена
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (8 јули)
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Македонија2 дена
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за среда (9 јули)
-
Lifestyle1 ден
Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена
-
Македонија2 дена
Цената на бензините се намалува, додека на дизелот се покачува