Следете не

Временска прогноза

Високите температури продолжуваат, со исклучок на овие денови, ова се најновите метео детали..

Објавено пред

на

Денес, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за ретка појава на град.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека мал пад на истите ќе има во почетокот од следната недела кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. Нов позначителен пораст на температурите ќе има од среда па натаму и истите тогаш во најтоплите предели ќе надминуваат дури и 40 степени. Ув – индексот во следните денови и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 10, па токму поради ова на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

Во Скопје и околината во следните денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните часови има помали услови за локална и краткотрајна нестабилност.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 31 и 34 степени, за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Временска прогноза

Конечно стабилизација на времето со исклучок само на еден ден

Објавено пред

на

Следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка ќе бележат тенденцја на значителен и брз пораст, а особено топло ќе биде од средината на оваа седмица кога температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево, додека утре попладне има услови за краткотрајна и локална нестабилност. Температурите ќе бележат тенденција на значителен и брз пораст и во следните денови тие ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 30 и 37 степени, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации

Објавено пред

на

За време на овој викенд бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и тоа поради очекуваната нестабилност на повеќе места низ Македонија. Истата ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.

Во Скопје и околината исто така се очекува нестабилност, а има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Температурите како што веќе и претходно кажавме ќе бележат тенденција на ОПАЃАЊЕ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

НАПОМЕНА: Сето ова е поради влажната и нестабилна воздушна маса која од запад ќе ја зафати Македонија. Локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Стабилизација на времето и постепен пораст на температурите ќе има од понеделник па натаму. НАПОМЕНА: Викендов во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер препорачуваме своите автомобили да не ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до некоја несакана штета, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Според најновите анализи летните температури продолжуваат и во следните месеци после август

Објавено пред

на

Според најновите анализи кои ние ги направивме, и тоа со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, истите укажуваат на тоа дека оваа година зголемени се условите за продолжување на летото и топлотните бранови во Македонија, но и пошироко во регионот, но и во Европа.

Во остатоткот на овој месец, како и во септември се очекуваат натпросечно високи температури на воздухот.

Натросечно високи температури можни се дури и во текот на есента. Врнежите ќе бидат под просекот, што значи се очекуваат помалку врнежи од вообичаеното.

Сепак повремено можни се изразени нестабилности и НЕВРЕМЕ ширум Македонија, регионот и Европа.

Сè на сè, граѓаните можат своите годишни одмори да ги искористат дури и во септември месец, и да заминат некаде во туриустичките места во Македонија, но и некаде низ морињата, вели Попоски за Еспресо

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза7 часа

Конечно стабилизација на времето со исклучок само на еден ден

Следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога...

Македонија8 часа

Соборен рекорд, 47 пребрзо возеле во Кичево, додека на подрачјето на СВР Охрид вкупно 92 возачи надминале дозволена брзина

На 14.08.2022 година во периодот од 15:00 до 20:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни...

Спорт8 часа

Во судиската анализа на второто коло од првата македонска лига, констатирани низа неправилности

Судиската комисија ги разгледа спорните моменти од 2 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот  Фк.Шкупи-...

Македонија8 часа

Ова се новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од ноќеска

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за понеделник (15 август)

ОВЕН Постојат информации што ви се потребни и нема да ги добиете лесно, затоа имајте на ум дека ништо нема...

Македонија23 часа

„Се лета“ Тетово-Гостивар, дури 13 возачи движеле над 70 км/ч од дозволеното!

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (14 август) од 14 до 20 часот, спроведоа акциска контрола во која се изречени...

Спорт1 ден

Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип

Академија Пандев го декласира Работнички на арената „Тодор Проески“ со 0-5. Домашната одбрана беше очајна, посебно во првиот дел, а...

Мобилни уреди1 ден

(ФОТО) Стигна првиот мобилен телефон со 200 мегапиксели камера, во Кина закажана деби презентацијата

Телефонот кој е украсен со споменатиот сензор е Motorola X30 Pro, а сензорот е Samsung ISOCELL HP1. Сензорот од 200...

Кичево1 ден

ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во рамки на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“, во периодот од 22.00 до 04.00...

Lifestyle2 дена

(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!

Нашиот Лозано е секогаш добро решение за ноќниот живот во Кичево, баш како и што доликува, резервирано до последно место...

НАЈЧИТАНИ