Спорт
„Петка“ на младата женска репрезентација на Македонија против Грузија за убедлива победа, следен меч е против Ерменија
Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години оствари убедлива победа над соодветната селекција на Грузија во рамките на воведното коло на квалификацискиот турнир од Б лигата што се одржува во Косово.
Избраничките на селекторот Катерина Милеска одиграа одличен натпревар, од првиот свиреж на судијата до последен беа апсолутно доминантни над противникот, во секој аспект од играта и сосема заслужено на крајот се радуваа на убедлива победа од 5:0.
Грозданова во 9. минута го отвори резултатот на натпреварот. Истиот играч во 17. минута се најде повторно на вистинското место за нов гол и предност на Македонија од 2:0. Трендова во 24. минута постигнува нов погодок за предност од 3:0. До крајот на првото полувреме, во листата на стрелци, во 38. минута се запиша и Попески.
Во продолжението од средбата Грозданова го постигнува својот трет гол со кој ја заголеми предноста на Македонија на 5:0. Тоа беше и конечниот исход на денешниот натпревар.
Македонија – Грузија 5:0 (4:0)
Македонија: Комненова, Коловска, Додевска, Крстева, Василева, Величкова, Трендова, Боризоска, Галабовска, Попески, Грозданова
Селектор: Катерина Милеска
Во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир, нашата млада репрезентација силите ќе ги одмери со селекцијата на Ерменија.
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Кичево2 денаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево23 часаОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Македонија17 часа„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Хроника2 денаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза2 денаОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Временска прогноза10 часаПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
