Кичево
Петровденска мото парада, 10 годишна јубилејна традиција во чест на кичевската Православна црква Св.Петар и Павле

Почитувани кичевчани, чест и задоволство ни е да ве информираме дека и оваа година продолжува традицијата по повод именденот на нашата Православна црква „Св.Апостоли Петар и Павле“, со тоа што по 10-ти јубилеен пат, односно 10 години по ред – ќе се одржи мирна мото-парада или мото дефиле“ низ кичевските улици.

Sv.Petar_i_Pavle-porta
Настанот ќе се реализира во петок 12.07.24 со почеток од 19:00 часот од „Полигон“ во непосредна близина на Железничката станица, а завршната рута е предвидена пред самиот храм.
Потврдете го вашето присуство на официјалниот facebook настан ТУКА
Вечна традиција, бидете дел!
Во прилог ланската мото-парада, лето господово 2023г.
Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.
Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.
Фејсбук објава: ТУКА
-
Lifestyle2 дена
Во сабота сите патишта водат во „Република Клуб“- Кичево, заедно со светски познатиот Dean Mickoski и Fecky Farris & Punisher
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за четврток (16 октомври)
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (15 октомври)
-
Временска прогноза1 ден
Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести
-
Хроника23 часа
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
-
Технологија2 дена
Денес по десет години завршуваат безбедносните надградби за „Windows 10“
-
Магазин2 дена
OpenAI овозможува извршување на апликации во рамките на ChatGPT
-
Автомобили2 дена
Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј