Следете не

Спорт

По критиките во интервјуто, Манчестер го „шутна“ Роналдо, кој практично стана единствениот слободен играч на мундијалот во Катар

Објавено пред

на

pixabay

Тој веќе некое време е незадоволен и од статусот и од игрите на клубот. Истакна дека и не е во добри односи со Ерик Тен Хејг, дека доаѓањето на Ралф Рангико е голема грешка, дека тренинг центарот е застарен… Јунајтед долго молчеше, но сега објавија дека соработката дефинитивно ќе биде прекината.

„Кристијано Роналдо си заминува од Манчестер Јунајтед по взаемниот прекин на соработката. Клубот му се заблагодарува за големиот придонес во двата мандата на Олд Трафорд, постигна 145 гола на 346 настапи. Му посакуваме се најдобро во иднина, како и неговото семејство. Сите во Манчестер Јунајтед остануваат фокусирани на напредокот на клубот и тимот под водство на Ерик Тен Хаг кои работат заедно на теренот“, велат од клубот.

Португалскиот фудбалер сега е слободен да избере нова средина и сигурно ќе има одличен избор. Сепак, тој изјави дека има шанса да ја заврши кариерата по Мундијалот …

Спорт

Шкупи убедлив, Шкендија ремизираше, како победници ова коло се запишаа Работнички и ФК Скопје, преглед на 16-то коло од ПМФЛ

Објавено пред

на

Актуелниот првак Шкупи ја декласира Победа со 0-6 на гости во Прилеп и се искачи на второто место на табелата во Првата лига, со 28 бода, пет помалку од лидерот Струга ТЛ. Но, Шкендија не успеа да ја потврди фаворитската улога против Тиквеш во Тетово и ремизираше без голови.

Хамиди ја отвори серијата голови во седмата минута, а Трапановски зголеми на 0-2 седум минути подоцна. Реиналдо Цефас постигна и трет погодок за Шкупи во првиот дел, а уште три тимот од Чаир дополни и во второто полувреме.

Работнички ја победи Македонија ЃП со 2-0 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Анес Рушевиќ во 26.минута ги доведе „романтичарите“ во водство, а две минути подоцна Мишевски си постигна автогол по нафрлувањето на Арменд Алими од слободен удар.

Шкендија не успеа да стигне до победа против Тиквеш играјќи 0-0.

Скопје со пресврт триумфираше против Академија Пандев со 2-1. Сите три гола беа постигнати во второто полувреме. Димитар Митровски во 61.минута донесе водство за „пандевци“, но Бујар Хајдари израмни во 71.минута, а Христијан Димов постигна победнички гол во 84.минута од дуелот.

ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ 16.КОЛО

ПОБЕДА – ШКУПИ 0-6

ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 0-0

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0

СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-1

СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 1-2

Текст: makfudbal.mk

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија до 19 вчера славеше победа над Сан Марино во последното коло од квалификацискиот турнир во Скопје

Објавено пред

на

Репрезентацијата на Македонија до 19 години вчера оствари победа со 2:0 над соодветната селекција на Сан Марино во натпреварот од последното коло на квалификацискиот турнир кој се одржува во Скопје.

Младата репрезентација на Македонија ги освои првите бодови и со победа го заврши квалификацискиот циклус (прва фаза) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство 2023 година во Малта.

Во првото полувреме, избраниците на селекторот Неџат Шабани од старт ја презедоа иницијативата и не дозволија противникот посериозно да се закани по нашиот гол Подобрата игра ја крунисавме со погодок во 36. минута. Трајков се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник и успеа да погоди за предност на Македонија.

Во продолжението од натпреварот, Македонија успеа да постигне уште еден погодок. Назифи во последните мигови од средбата ги постави конечните 2:0.

Во вториот натпревар во нашата група, на стадионот на Македонија Ѓ.П., селекцијата на Србија ја совлада Норвешка со 2:0 во директна борба за првата позиција во нашата група.

Македонија: Тасев, Чајани, Серафимов, Јаневски, Ѓоргиевски, Османи,Чилафи, Зенку, Трајков, Талевски, Ташов

Селектор: Неџат Шабани

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија до 21 одигра нерешено 1:1 против Србија во Кипар

Објавено пред

на

Младата репрезентација на Македонија до 21 годиниа во Кипар го одигра вториот контролен дуел, а противник беше содветната селекција на Србија.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски во еден добар натпревар во кој можеме да жалиме за пропуштените можности, одиграа 1:1 против нашиот северен сосед.

Марко Алчевски уште еднаш одигра одличен меч, на два пати одлично интервенираше во првото полувреме. Марио Илиевски ја имаше најдобрата прилика за Македонија, но немаше среќа да погоди. Во последните минути од средбата, Лука Станковски беше во добра прилика да и донесе победа на Македонија, но не се снајде најдобро, откако доби одлична топка од Бехар Фета.

Берат Калкан во 20. минута погодува за предност на Македонија од 1:0. Репрезентацијата на Србија во 45. минута го изедначи резултатот. Митровиќ беше сигурен од белата точка.

Во 30. минути, на младата репрезентација на Македонија не и беше досуден чист пенал, откако крилниот фудбалер Калкан беше фаулиран во шеснаесетникот на противникот.

Македонија одигра нерешено 1:1 и против селекцијата на Кипар во првиот контролен меч за нашите млади фудбалери.

Македонија: Алчевски, Деспотовски, Рамадани, Стојчевски, Максимов, Тодоровски, Рамани, Крстевски, Малевски, Илиевски, Калкан

Селектор: Драги Канатларовски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија5 часа

Предмалку регистриран земјотрес во околината на Кичево од 2 степени

Слаб земјотрес со интензитет од 2 степени денеска е регистриран во близина на Кичево, известува 4News.mk Епицентарот бил на 17...

Македонија9 часа

Од ноќеска повторно малопродажната цена на горивата се намалува, еве по која цена ќе возиме..

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Македонија9 часа

Опасноста демне, вчера 953 санкционирани возачи кои возеле побрзо, дури 500 возила пречекориле брзина во населено место

Во текот на вчерашниот ден (27.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија...

Гејминг10 часа

Microsoft открива кога GTA VI може да биде објавена

Се појави документ со поим за можниот временски период на издавање на играта GTA 6. GTA (Grand Theft Auto) е...

Магазин10 часа

Збогум на авионски режим: 5G поврзување со мобилен телефон наскоро во текот на летот

Европската унија ја отвора вратата за инсталирање антени 5G во авионите за да им овозможи на патниците да остваруваат повици,...

Свет10 часа

Кина утре ќе го лансира вселенското летало Shenzhou-15 кон својата вселенска станица

КИНА ќе го лансира вселенското летало Shenzhou-15 до својата вселенска станица на 29 ноември во 23 часот (1508 часот по...

Автомобили10 часа

Светот се менува: Секој втор возач ќе се откаже од возилото до 2030 година?

Возачите ќе претпочитаат да користат услуги наместо да поседуваат автомобил. Водечката консултантска компанија за менаџмент и технологија BearingPoint сугерира дека...

Магазин11 часа

Маск потврди дека Twitter ги шифрира директните пораки (DM)

Новиот сопственик на Twitter , Илон Маск, потврди дека компанијата планира да воведе end-to-end енкрипција (E2EE) за директни пораки на...

Магазин11 часа

Маск се заканува дека ќе создаде алтернативен телефон доколку Apple и Google ја забранат апликацијата Twitter

Илон Маск, кој е сопственик на Twitter, изјави дека ќе создаде алтернативен телефон доколку неговата социјална мрежа биде забранета во...

Магазин11 часа

Како да ги скриете Memories во Google Photos

Google Photos им овозможува на своите корисници да сокријат одредени слики доколку сакаат. Од криење слики на конкретни луѓе и...

НАЈЧИТАНИ