Хроника
Почина Бора Чорба, фронтменот на „Рибља чорба“
Фронтменот на групата „Рибља чорба“, Борисав Бора Ѓорѓевиќ, почина денеска, 4 септември, на 72-годишна возраст.
Бора Ѓорѓевиќ почина во болница во Љубљана, каде што се лекуваше поради сериозни проблеми со белите дробови.
Официјалната веб-страница на групата „Рибља чорба“ ја објави веста за неговата смрт.
„Почитувани пријатели, со тага и тага ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки. Борисав Бора Ѓорѓевиќ. 01.11.1952 – 04.09.2024 година. стои во соопштението.
Последен пат во јавноста се појави на 1 јули, кога го одржа својот последен концерт.
Борислав Бора Ѓорѓевиќ, познат и како Бора Чорба, бил српски писател, поет, актер и рок-музичар и фронтмен на бендот Рибља чорба. Роден е на 1 ноември 1952 година во Чачак. Младоста ја поминал во Белград, а последните години од животот ги поминал во Љубљана, истакна 021.rs
Хроника
Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А. (53) од Скопје при извршување на работни задачи се здобил со повреди од машина и починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, извршен бил увид, истакна МВР.
Хроника
Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е пронајден починат Е.Р.(25) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Вчера на 11.12.2025 во 07:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дом на негов другар на подрачје на Кисела Вода во Скопје е пронајден починат Б.П.(36) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извор: МВР, дневен билтен за медиуми.
Хроника
Млад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
На 24.11.2025 во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соппшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Спорт24 часа(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Кичево2 дена(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Хроника1 денМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп19 часаХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево7 часа(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
