Следете не

Култура

Почитувани граѓани од ромска националност, нека Ви е честит денешниот празник

Објавено пред

на

Почитувани граѓани од ромска националност, нека Ви е честит празникот!

Денешниот 8-ми април е денот посветен на историјата и културата на Ромите, кој се одбележува низ целиот свет, афирмирајќи ја потребата од поголема поддршка за ромската популација која се соочува со социјални и економски проблеми.

Ромите се народ од индоеврпоско потекло. Тие се расселени на секаде низ светот и немаат своја матична држава.

Ромите во Македонија сочинуваат една од малцинските етнички групи. Според пописот од 2002 година, во Македонија живеат околу 53.879 роми или 2.66% од вкупното население. Општина Шуто Оризари е единствената општина во светот каде мнозинството се роми, а воедно и единствена општина во светот каде ромскиот е официјален јазик, покрај македонскиот.

Првите доселувања на Роми на територијата на Македонија се забележуваат во Средниот век, односно околу XIV-от век. Нивното главно доселување е за времето на турските освојувања на Македонија кон крајот на XIV и почетокот на XV век, кога тие работеле како слуги на турските генерали и големци.

Постои теорија и дека Ромите се доселени во Македонија уште од времето на Александар Македонски бидејќи тие работеле како негови ковачи при неговото освојување на Египет. Оваа теорија ја застапуваат дел од Ромите кои себеси се нарекуваат Египќани (Еѓупци) и се сметаат за посебна етничка група од Ромите, кои се со потекло од индиската област Пенџаб од народот Дравиди.

По религија огромното мнозинство од Ромите се муслимани, но постои и мал број на Роми со христијанска вероисповед (познати под името Масарманги, Масрманговци) кои живеат во неколку градови од источна и југо-источна Македонија.

Среќен празник почитувани сограѓани!

Култура

На врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!

Објавено пред

на

©porta.mk

Православните верници во Македонија во петок го одбележуваат празникот посветен на Свети Никола Чудотворец еден од најпочитуваните христијански светци и заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, патниците, како и на бројни занаетчии и трговци.

Свети Никола е најчестата слава во македонските домови. Бидејќи станува збор за посен празник, на славската трпеза традиционално се служат посни јадења, како сарма, грав и риба. Овој светец е длабоко почитуван не само меѓу православните, туку и кај католиците, па дури и кај дел од муслиманите, особено во Турција.

Низ Македонија, но и низ целиот свет, постојат голем број цркви, манастири, икони и фрески посветени на Свети Никола. Во многу семејства, празникот се одбележува со богата посна вечера, на која доминираат рибата и посните сарми. Со векови, Свети Никола важи за еден од најсаканите христијански светци.

Неговиот животен пат е исполнет со настани што и денес ги воодушевуваат верниците. Роден е во 4 век во градот Патара, на медитеранскиот брег на денешна Турција, во период многу пред големиот црковен раскол од 1054 година. Потекнувал од богато семејство, а неговите родители, Теофан и Нина, го добиле синот за време на владеењето на римскиот цар Валеријан.

По смртта на родителите, кои починале за време на голема епидемија, младиот Никола целото наследено богатство го разделил на сиромашните. Уште од рана возраст се истакнувал со добрина и побожност, поради што бил омилен и меѓу луѓето и пред Бога. Под духовното водство на својот чичко, архиепископот Патаре, напредувал во црковната служба, а подоцна бил избран за архиепископ на Мир Ликиски. Учествувал и на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, свикан од царот Константин.

Свети Никола починал на 19 декември 343 година и бил погребан во соборната црква во Мир. Кон крајот на 11 век, неговите мошти биле пренесени во градот Бари, каде и денес се наоѓаат.

Од Свети Никола до Дедо Мраз

Ликот на Свети Никола, со црвен плашт и бела брада, со текот на времето станал основа за современата претстава на Дедо Мраз. Во поновата историја, преку рекламите и поп-културата, тој е познат како Санта Клаус име изведено од латинската верзија на Свети Никола. Иако во православната традиција е прикажан како епископ со митра и пастирски стап, модерната верзија добила нови елементи, како санки и ирваси, кои го обиколуваат светот во пресрет на Божик.

Верските познавачи истакнуваат дека Свети Никола е древен и широко почитуван светец низ Европа и дека денешниот Дедо Мраз има малку заедничко со неговиот вистински лик. Сепак, симболиката на дарувањето и радоста кај децата останала и до денес.

Причината за огромната популарност на Свети Никола лежи во неговата безгранична хуманост. Тој целото свое богатство го посветил на помош на сиромашните, болните и немоќните. Помагал тајно, оставајќи пари во џебовите на оние на кои им биле потребни, без да бара признание. Токму од овие преданија произлегла и легендата за Дедо Мраз, кој им носи подароци на децата.

Во народното предание, Свети Никола останал запаметен како заштитник на патниците, особено на морепловците, како и како помошник на неправедно осудените, затворениците и сиромашните.

Именден на овој ден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле и други.

Свети Никола Мирликиски Чудотворец има исклучително значајно место во духовниот живот на македонскиот народ. Многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со посебни обичаи и служби го одбележуваат неговиот спомен. Иако најмногу се празнува зимскиот Свети Никола на 19 декември, внимание му се посветува и на летниот празник, на 22 мај, кога се одбележува преносот на неговите мошти од Мир во Бари.

Прочитај повеќе...

Култура

Утре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!

Објавено пред

на

©porta.mk

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.

Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

За многу години, утрешниот празник домаќини!

Прочитај повеќе...

Култура

Денес започнува Божиќниот пост кој трае 40 дена и завршува на денот кога се слави Христовото раѓање, Лесни и богоугодни пости!

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес започнува Божиќниот пост, кој трае 40 дена и завршува на 7 јануари денот кога се слави Христовото раѓање. Овој пост претставува еден од најзначајните и подолги пости во православието. Неговото значење не се ограничува само на воздржување од мрсна храна, туку опфаќа и напуштање на лошите мисли, постапки и навики, како и поттикнување на милосрдието, скромноста и искреното покајание.

Црквата истакнува дека постот е воспоставен како подготовка на верниците преку очистување и покајание пред Христовото раѓање, како и преку молитва и примање на светата причест.

Иако се смета за поблаг од Велигденскиот пост, Божиќниот пост содржи денови со построги правила пост на вода, денови кога е дозволено масло, како и одредени денови кога е дозволена риба.

Во прилог ТУКА Ви го претставуваме прекрасниот натпис на Билјана Андоновска, писател и поет.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево30 минути

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете,...

Македонија2 часа

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во...

Фото: Brooke Cagle @ unsplash Фото: Brooke Cagle @ unsplash
Магазин3 часа

Заборавете го лаптопот: Galaxy Tab S11 носи сериозен мултитаскинг

За сите што некогаш се прашувале дали таблетот може целосно да го замени лаптопот, Samsung нуди јасен одговор – може,...

Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash
Македонија5 часа

Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија

АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за четврток (18 декември)

ОВЕН  Личноста со која сте блиски сигурно ќе ви даде добар совет. Слушајте внимателно дури и ако ви се чини...

Македонија17 часа

Живот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!

Во текот на вчерашната ноќ во село Воѓани, општина Кривогаштани се случил немил настан, пламените јазици ја опожарија до темел...

Кичево22 часа

Празничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар

Драги кичевчани, наши читатели. Празничната магија повторно се чувствува во Кичево, полека но сигурно го враќа впечатливиот сјај на кој...

Скопје23 часа

Кинез и Италијанец пробале да влезат во Македонија со фалсификувани документи, експресно биле приведени

Вчера во 01:50 часот на Граничниот премин „Meѓународен Аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода...

Фото: Jonas Leupe @ unsplash Фото: Jonas Leupe @ unsplash
Магазин1 ден

Голема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато

Класичните пластични SIM-картички полека исчезнуваат од паметните телефони. Според експертите, меѓу кои и Александар Рабе од Здружението на интернет индустријата,...

Фото: Shutter Speed @ unsplash Фото: Shutter Speed @ unsplash
Магазин1 ден

Следниот голем чекор на Instagram: како Meta планира да се натпреварува со YouTube и TikTok

Instagram планира постепено да воведува нови промени, а нивната имплементација ќе зависи и од реакцијата на корисниците. Не се прикажува?...

НАЈЧИТАНИ