Временска прогноза
Под влијание на влажен воздушен бран дожд денес на секаде низ државата

Под влијание на влажен воздушен бран од запад, во текот на денот на повеќе места низ Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, во западните предели и со умерен интензитет. Исто така во почетокот од следната седмица ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Под влијание на изразен циклон од запад, од утре па сè до среда во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, особено во вторник процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
Во Скопје и околината исто така продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд. Од понеделник до среда во делови од котлината во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради јужното воздушно струење, во следните денови температурите ќе бидат ПОВИСОКИ и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, а од средината на следната седмица во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до 29 степени. Посвежо ќе биде само денес со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.
Во Скопје температурата деновиве ќе се искачува во интервалот помеѓу 17 и 23 степени.
Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, за нашиот медиум пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C

Територијата на нашата Република Македонија од денес (понеделник 23 јуни па се до петок 27 јуни) ќе биде под влијание на засилен топол бран од Африка и истиот ќе услови многу топло и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат многу високи, а особено високи температури ќр имаме од среда до петок кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.
Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 39/40 степени, особено од среда до петок. И во Скопскиот регион ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ за време на овој засилен топол бран од Африка ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.
– Барем одсега гледано, освежување на времето, пад на температурите, но и дестабилизирање на атмосферата ќе имаме во петок во попладневните и во вечерните часови кога ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за ново локално невреме, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Претежно сончево и по свежо на утро со северен ветер

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, викендов повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес (сабота 21 јуни), додека утре (недела 22 јуни) ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет и од променлив правец.
Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност.
Температурите ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера (петок 20 јуни) и тоа за 3 до 4 степени и максималните дневни температури викендов ќе ни се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 31/32 степени.
Наутро пак ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени, предмалку информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Бран кој носи дожд се спушта над Македонија, првично кон север потоа кон западните делови

Во моментов, од север кон Македонија се спушта влажен фронтален бран кој со себе нови локални но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Ова значи дека во следните часови најпрвин во северните, а потоа и во западните предели ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Уште од следните часови можна појава нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер можна е и во делови од Скопскиот регион.
Во текот на денов кај нас следува ново големо дестабилзирање на атмосферата. Многу повеќе детали токму оволу ова следуваат наскоро, утрово информираше Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (24 јуни)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за четврток (26 јуни)
-
Кичево21 час
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен
-
Lifestyle1 ден
Дали навистина треба да се плашиме од семките од лубеница? Еве што се случува кога ќе ги проголтате
-
Lifestyle1 ден
Како да го разладите домот без клима: Три едноставни трикови
-
Спорт2 дена
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму
-
На денешен ден2 дена
Времеплов: На денешен ден – 25 јуни
-
Автомобили1 ден
Како да ја надминете летната жештина од 37 степени во автомобил: Трикови што навистина функционираат