Временска прогноза
На повидок нестабилен и дождлив месец јуни
Во Македонија и понатаму продолжува ДОЛГИОТ период на променливо облачно време, повремено со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд. Утре попладне локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи како и со засилување на ветерот.
Од недела, па во текот на следната седмица врнежите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, локално проследени со грмежи и со засилен ветер. Локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог.
Температурите наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, а во централните и во југоисточните предели повремено и до околу 25 степени.
Поизразен топол Африкански бран и понатаму нема на видик и за истиот ќе се изначекаме.
Во Скопје исто така продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд. Во следниот период во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилен ветер. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 18 до 21 степен.
Ако вака останат работите, не само мај, и месецот јуни ќе го поминеме со многу нестабилно време со почести врнежи (МОЖНИ СЕ И ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ НА БАЛКАНОТ, КАКО И КАЈ НАС ВО МАКЕДОНИЈА).
За нас пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево1 ден
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Временска прогноза2 дена
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Магазин23 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили1 ден
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?
-
Автомобили1 ден
Електрични возила и губење на вредноста