Кичево
Поголемиот дел од град Кичево е без електрична енергија

По реакција од група граѓани до нашиот портал дојде информација дека буквално поголемиот дел од град Кичево во моментов е без електрична енергија од пред 30 минути и се уште е во мрак.
Нашиот тим веднаш се потруди да стапи во контакт со сервисната линија за грижа на корисници од ЕВН, но поради преоптовареност и загриженост на жителите кои нонстоп се јавуваат, контактот беше неуспешен.
За сега според нашите информации струја нема во центарното градско подрачје, нас.Иванидол, према с.Другово и Осломејшки регион.
– Некои говорат дека пред да прекине електричната енергија се слушнала некаква детонација, но сепак се тоа неофицијални информации.
Судејќи според времетраењето на прекинот сигурно станува збор за голем дефект, така што апелираме да останеме трпеливи и солидарни према тимот на работници кои сигурно работат за отстранување на прекинот кој ги вознемири жителите.
- ОБНОВЕНО ИНФО: (01:20) По прекин од 40 минути, ситуацијата со електричната енергија е вратена во нормала, дефектот е отстранет.
Кичево
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.
За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.
Кичево
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок

Во текот на денешниот ден се одржа работна акција со цел расчистување на трибините на Градскиот стадион.
Западна трибина е очистена и спремна за новата сезона. Се очисти и влезот и дел од Источната трибина.
Во периодот што доаѓа управата на Ф.К.Напредок ќе организира уште работни акции за комплетно средување на стадионот.
Огромна благодарност на сите што дадоа допринос и несебична работа, истакна управата на клубот.
Кичево
(ФОТО) Во близина на с.Зајас кичевско, тешко товарно возило излетало од коловоз

Предмалку во близина на кичевското с.Зајас на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна несреќа, каде според неофицијални информации, тешко товарно возило изгубило контрола и излетало надвор од коловоз.
Подетални информации за здравјето на возачот или евентуално други учесници во сообраќајката немаме.
Увид на лице место напавила екипа од ОВР Кичево, додека за време на увидот на сообраќајната делница се создал сообраќаен метеж.
Повеќе информации очекуваме во дневниот билтен на СВР Охрид.
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (2 септември)
-
Спорт18 часа
КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Македонија2 дена
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Македонија17 часа
(ВИДЕО) Во Маврово заѕвони првото училишно ѕвонче на едно единствено прваче, маестро Џамбазов специјално го пречека и му посака среќа и успех
-
Спорт2 дена
ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија
-
Временска прогноза14 часа
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер