Следете не

Спорт

Покентино: „Ќе му треба време на Меси да се врти во врна форма“

Објавено пред

на

Тренерот на PSG, Маурисио Покетино, вели дека ќе биде потребно време за Лионел Меси да се врати во врвна форма, иако играше само 20 минути.

„Светците“ славеа со резултат 2:1 на гости против Ремс, Меси дебитираше, а Мбапе ги постигна двата гола.

Меси се уште е далеку од најдобрата форма, но тренираше добро и за две недели ќе биде на потребното ниво “, вели тренерот, инаку Меси го замени Нејмар во 66. минута и дебитираше во дресот на Париз.

„Го чекаме најдоброто од Меси. Многу сум среќен што дебитираше, ова беше многу важно за него. Тој беше добар, од првиот контакт со топката, му даде мир на тимот. Добро е што започна со победа“, изјави Покентино за клубот.

ФОТО: Abdullah Munzer / pixabay.com

Спорт

ФФМ и општина Аеродром: Да започнеме проект кој ќе биде обележје на едно време

Објавено пред

на

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Муамед Сејдини, генералниот секретар, Филип Поповски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу во „Куќа на фудбалот“ имаа работна средба со градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски и шефот на кабинетот на градоначалникот во општината, Марјан Христов.

На состанокот разговараа за фудбалската инфраструктура во општина Аеродром и можноста за соработка на двете институции во изградба на капитален проект, односно изградба на нов репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“ во општина Аеродром.

Муамед Сејдини – претседател на ФФМ:

–  „Би сакал да упатам благодарнот до градоначалникот Муцунски за конструктивниот разговор. Инфраструктурата е секогаш важна. Секогаш велам дека нас, како Фудбалска федерација на Македонија, ни треба стадион. Ние ќе бидеме носители на проектот, но добредојдени се локалната самоуправа, државата и сите останати кои можат да помогнат. 

Нѐ радува искрената желба и отвореноста за помош и поддршка од општина Аеродром и градоначалникот Муцунски за започнување на еден ваков голем проект. Ова беше првичен состанок, но сигурен сум дека соработката со општината ќе биде одлична. Верувам дека заеднички ќе создадеме услови да започнеме со проект кој ќе биде обележје на едно време. 

Ние како Фудбалска федерација сме исклучително активни кога е во прашање подобрувањето на фудбалските услови и на тој начин ќе продолжиме и во иднина“.

Тимчо Муцунски – градоначалник на општина Аеродром:

–  „Фудбалската федерација на Македонија го продолжува континуитетот на квалитетна работа и заедништво, вие сте пример за другите како една успешна федерација може да функционира. Не само заради резултатите на репрезентацијата која ја обедини цела Македонија, туку и за силните напори да го развивате фудбалот на сите нивоа. 

Наша обврска како општина е да се обидеме да придонесеме за напредок на спортот и фудбалот во општината и токму тоа е целта и на нашата денешна посета на „Куќа на фудбалот“. 

Инфраструктурата останува засекогаш. Верувам дека таквата политика на Федерацијата ќе трае. Со претседателот на ФФМ, Сејдини разговаравме за изградба на репрезентативен стадион во општина Аеродром и во блиска иднина верувам дека ќе започнеме со активности. Нашата општина ќе помогне во рамки на своите можности да биде вистински партнер во изградба на репрезентативен стадион кој ќе биде гордост на Аеродром и целата држава“.

Прочитај повеќе...

Спорт

Новак ќе биде депортиран од Австралија

Објавено пред

на

Според последните информации на репортерот на РТС од Мелбурн, Ѓоковиќ ќе мора што поскоро да ја напушти Австралија, а се очекува тоа да биде за неколку часа.

Судењето беше префрлено на Федералниот суд, а за судбината на Ѓоковиќ одлучуваше судиското трио Дејвид Џон О’Калаган, Џејмс Алсоп и Ентони Бесанко.

Така што Федералниот суд на Австралија со гласање 3-0 на судиите реши да ја одбие жалбата на најдобриот светски тенисер за одземање на влезната виза, што значи дека тој во најкус можен рок мора да ја напушти државата.

Ѓоковиќ исто така се соочува и со тригодишна забрана за влез на австралиска територија, што би значело и крај на неговите настапи на турнирот во Мелбурн, каде што досега има девет победи.

Новак Ѓоковиќ беше третиран во изминатата недела, во која траеше сагата со неговата депортација. Србинот по одлуката на судот даде само куса изјава.

– „Ќе земам некое време за одмор и за рекуперација пред да дадам поопширен коментар на оваа тема. Силно сум разочаран од одлуката на судот“, изјави Ѓоковиќ.

Прочитај повеќе...

Спорт

Во секој момент се чека пресуда за Ѓоковиќ, доколку биде ослободен во понеделник игра прв меч

Објавено пред

на

Во секој момент се очекува конечната одлука за тоа дали ќе биде одбиена визата и одбиен престој во Австралија.

Доколку жалбата успее и Новак победи на суд, тој би можел да остане и да игра на Австралија Опен.

Во спротивно, ќе биде депортиран и ќе му биде забранет влез во Австралија во следните три години.

Инаку Ѓоковиќ доколку евентуално биде ослободен во понеделник од 10:30 часот во Род Лејвер Арената ќе го одигра својот можен меч со Кецмановиќ.

Како што претходно објавивме линк во живо, ситуацијата, доказите и разврските околу судењето се дискутираа цели 5 часа

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хроника14 минути

Трагична вест ја потресе државата, загина 24 годишна девојка кај скопскиот пешачки премин во близина на „Сити Мол“

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје, објави А1он. Девојката...

Македонија5 часа

Ковид-19 биланс за денес, 1,172 нови случаи починале 12 пациенти

Во последните 24 часа направени се 4.021 тестови, а регистрирани се 1.172 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 629...

Спорт5 часа

ФФМ и општина Аеродром: Да започнеме проект кој ќе биде обележје на едно време

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Муамед Сејдини, генералниот секретар, Филип Поповски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу во „Куќа...

Култура5 часа

Најскапата серија на сите времиња: Милијарда долари за новиот „Господар на прстените“

Претстојната серија на Амазон, еден вид спиноф на филмови за „Господарот на прстените“, која се смета за најскапата серија на...

Магазин6 часа

Google почнува да ги тестира Android игрите на Windows

Microsoft го најави Windows 11 со ветување дека ќе ги поддржува апликациите за Android, иако таа функционалност не беше подготвена...

Временска прогноза8 часа

Од вечерва западниот регион под снег, најава и за многу студено време после обилните врнежи, детали..

Во текот на вечерните и ноќните часови од запад ќе започнуваат врнежи од СНЕГ. Инаку, како што најавивме, утре врнежите...

Култура8 часа

Денес се традиционалните „Женски Водици“, додека именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!

Денес се традиционалните и на далеку прочуените „Женски Водици“ каде при церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи...

Македонија8 часа

(ВИДЕО) Преносот овозможен во живо за „Богојавление Водици“ од Охрид еден од најследените преку социјални мрежи

Вчера по осветувањето на езерските води се случи најмасовното положувањето на Светиот крст, каде најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин...

Култура15 часа

Денес е Св. Јован, се верува дека на овој ден Св. Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос.

Православните христијани денес на 20 јануари го прославуваат празникот Св. Јован бидејќи се верува дека на овој ден Св Јован...

Хороскоп22 часа

Дневен Хороскоп (20 јануари / четврток)

ОВЕН Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да...

НАЈЧИТАНИ