Временска прогноза
Попоски: Најава за провејување на снег и заладување на времето
Од денес па во текот на новата седмица ќе имаме многу пониски температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината, и тоа поради влијанието на МНОГУ ПОСТУДЕНИОТ воздух од север.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Услови за локални послаби врнежи од дожд ќе има на средината од неделата кога на највисоките планински места и во Македонија ќе има услови за провејување на снег.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 10 степени што значи дека ќе биде ДОСТА СТУДЕНО, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека од среда барем отсега гледано ќе биде уште посвежо преку ден – вели за Еспресо метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината
Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.
Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.
Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (18 март)
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Кичевчанецот Драган Силјаноски официјално го презеде кормилото на македонската фудбалска репрезентација до 21 година
-
Кичево14 часа
(ГАЛЕРИЈА) По повод светскиот ден на „Рециклирањето“ вечерва најмилите од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево со голема радост реализираа „Модна ревија“
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за вторник (19 март)
-
Магазин2 дена
Следните три хороскопски знаци го немаат зборот „извини“
-
Македонија2 дена
На подрачјето од СВР Охрид ноќеска биле извршени засилени сообраќајни контроли за алкохол, изречени се низа санкции
-
Автомобили2 дена
Кинеска автомобилска компанија бележи продажен пораст на возила во февруари
-
Магазин1 ден
Италија инвестира 1 милијарда евра во вештачка интелигенција