Временска прогноза
НОВО: Следните часови доаѓа пороен дожд, најпогоден ќе биде западниот регион на Македонија, ова се последните метео вести

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од запад и северозапад во следните часови и тоа од западните предели ќе започнат поројни врнежи од дожд.
Локално ќе биде и нестабилно со грмежи и СИЛЕН ВЕТЕР. Според последните податоци најмногу врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог.
Локално ќе има услови за појава на ИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења и со услови за појава на град.
Нестабилно со врнежи и грмежи, како и со повремено засилен ветер ќе биде и во Скопскиот регион.
Од недела, па во текот на следната седмица поради продор на МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од север температурите ќе опаднат дури за околу па и за повеќе од 10 степени. Во недела ќе дува и засилен северен ветер. Исто така од недела во текот на денот па се до вторник времето ќе биде претежно стабилно. Нова промена барем одсега гледно ќе има во среда кога е можен и првиот снег за оваа сезона на највисоките планински врвови во Македонија.
Снег овој викенд ќе падне и на највисоките планински места во регионот.
НАПОМЕНА: Во случај на појава на НЕВРЕМЕ во следните часови препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
Температурите од недела ќе бидат под просекот за овој период од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека во текот на следната седмица наутро ќе биде и доста свежо, па дури и СТУДЕНО со минимални температури кој на многу места ќе се спуштат и под 10 степени, а понекаде дури и под 5 степени.
Автор за Порта: Славчо Попоски
Временска прогноза
Месец октомври без дожд, но со посвежи утра, вообичаени за есенскиот дел од годината

Пред нас е еден долг период на сушно и стабилно време, иако повремено и локално можна е појава на многу слаб дожд (ништо посебно). Наутро температурите остануваа пониски и ќе биде свежо, кога на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се спуштаат до околу 15, 16 степени.
Во Скопје очекуваме случно време, пријатно топло преку ден и релативно свежо наутро.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, а пад на истите за неколку степени се очекува од 6 октомври. Тогаш утрата барем одсега гледано ќе бидат уште посвежи, но и понатаму ќе продолжи сувиот период без врнежи.
Октомври месец оваа година би можел да биде многу сушен во нашиот дел од Европа. Секако ние ќе ги следиме континуирано работите и развојот на времето, и навремено ќе информираме за секоја ново – настаната временска состојба кај нас и пошироко во регионот, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Пред нас период на топли есенски денови, ова се сите информации..

Во деновите кои се пред нас ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со умерена облачност. Повремено и локално ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за сосема слаб и локален дожд.
Ќе биде пријатно топло преку ден, што значи дека температурите на воздухот ќе бидат околу просекот за овој период од годината.
Наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, а особено во Малешевијата тие ќе се спуштаат до околу 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 27 степени.
Да напоменеме дека и во следниот период ќе дува ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
И во првите денови од месец Октомври ќе имаме „Мини лето“ со пријатни температури на воздухот преку ден, а вие овие денови максимално искористете ги за уживање, или пак за правење на зимница, пишува Славчо Попоски за Порта.мк
Временска прогноза
Од вечерва и во текот на утрешниот ден локален дожд, еве каде..

Вечерва, во текот на ноќта и утре во текот на целиот ден на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.
– Најпогодени ќе бидат западните и централните предели од Македонија, како и делови од Скопскиот регион. Локално во овие делови ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Апелираме на КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. 🌩🌩🌩
Пишува: Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (30 септември)
-
Временска прогноза1 ден
Месец октомври без дожд, но со посвежи утра, вообичаени за есенскиот дел од годината
-
Хороскоп6 часа
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Скопје15 часа
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Скопје2 дена
За сабота МВР најави посебен режим во Скопје поради велосипедска трка „Куп на град Скопје 2023“
-
Македонија21 час
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера
-
Спорт2 дена
Извлечени паровите за воведното коло на новата натпреварувачка сезона во футсал