Временска прогноза
Спремете се за дожд и заладување, дали крајот на топлото време е на повидок?
Денес попладне и навечер ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, додека од претстојната ноќ и утре во поголем дел од Македонија ќе има поројни врнежи и грмежи.
Можна е појава и на локално НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме голема внимателност, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
– Во недела, како и во текот на следната седмица следува ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ со температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Во недела се очекува и првиот снег во регионот и тоа на највисоките планински места, додека во текот на следнта седмица истиот е можен дури и во Македонија. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер најпрвин од западен и од југозападен, а потоа и од северен и од северозападен правец – за Еспресо вели метеопрогнозерот Попоски.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината
Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.
Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.
Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (18 март)
-
Спорт17 часа
(ВИДЕО) Кичевчанецот Драган Силјаноски официјално го презеде кормилото на македонската фудбалска репрезентација до 21 година
-
Кичево6 часа
(ГАЛЕРИЈА) По повод светскиот ден на „Рециклирањето“ вечерва најмилите од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево со голема радост реализираа „Модна ревија“
-
Магазин2 дена
Следните три хороскопски знаци го немаат зборот „извини“
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за вторник (19 март)
-
Македонија2 дена
На подрачјето од СВР Охрид ноќеска биле извршени засилени сообраќајни контроли за алкохол, изречени се низа санкции
-
Автомобили2 дена
Кинеска автомобилска компанија бележи продажен пораст на возила во февруари
-
Магазин16 часа
Италија инвестира 1 милијарда евра во вештачка интелигенција