Следете не

Временска прогноза

(ВИДЕО) Во соседна Србија веќе започна најавеното невреме, според Попоски истото доаѓа кон нашиот регион

Објавено пред

на

Некои делови од Србија во вечерните часови денес ги зафати силно невреме пропратено со силен ветер. Судејќи според видеата од социјалните мрежи, вечерва околу 19 часот наврнало големо количество дожд, а како што пренесуваат медиумите, невремето се уште трае.

Катастрофи ги погодија Кула, Србобран и Фекетиќ, а Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) испраќа предупредување за северниот дел на Србија.

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) претходно издаде предупредување за облачност и лошо време што доаѓа од Босна и Херцеговина и ја смени прогнозата – наместо во петок, невремето почна веќе денеска.

Врнежите и грмежите кои денеска во вториот дел од денот се очекуваат на подрачјето на северна Србија, а утре во поголемиот дел од нашата земја, локално ќе бидат придружени со град, засилен или невреме и со количество на врнежи поголеми од 20 мм за кратко време“, соопштија метеоролозите.

Исто така, како што информираат, во сабота се очекуваат грмежи на југот и на истокот на Србија, а во останатите делови од земјата врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во вечерните часови и во ноќните часови кон недела, заедно со заладување и засилен и бурен северозападен ветер.

Големо силно невреме денеска го погоди Чазма во Хрватска и предизвика огромни материјални штети, урна покриви и урнати гранки. На едно девојче паднало дури и дрво.

Спрема последните метео информации од Македонија, Славчо Попоски пишува дека на пат е продор на МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од север кој ќе се судри со ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛАТА воздушна маса од север, од денес, па во следните неколку денови ќе услови СТРАШНО НЕВРЕМЕ во целиот регион. Постои опасност од невреме кое може да предизвика штети во сите земји од регионот. Препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ. Исто така можни се и локални поплави.

Со продорот на МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од север, во недела се очекува и првиот снег на највисоките планински места од Балканот.

Можно НЕВРЕМЕ во сабота и во Македонија, па затоа крајна претпазливост. До сабота температурите ќе бидат натпросечно високи и на многу места истите ќе се искачуваат над 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат дури и над 35 степени.

Од недела па натаму и во Македонија следува ПОЗНАЧИТЕЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето и пад на температурите за околу, а понекаде и за повеќе од 10 степени. Ако вака останат работите, во текот на следната седмица се очекува и првиот снег за оваа сезона на највисоките ланински врвови во Македонија.

Видеото снимено во Србија, проследете го ТУКА

Временска прогноза

Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен.

Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.

Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.

И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните  и во вечерните часови во нашата Република Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира. Ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места ќе условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).

Многу поголема нестабилност очекувам во северните, централните , источните и во југоисточните предели од нашата Македонија, па токму во овие предели локално очекувам појава и на бурно невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град. Токму поради ова на граѓаните ги советувам да обратат голема внимателност.

И во делови од Скопскиот регион, денес (петок 27 јуни) во попладневните  и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и со појава на грмежи. Можна е  и појава на силно невреме.

Што се однесува до температурите тие повторно насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места тие ќе се искачат  и до околу, па  и над 35 степени, додека во Повардарието тие ќе достигнат до 40 степени. Меѓутоа, доцна попладне  и навечер температурите ќе опаѓаат, со што од север ќе започне да ни се спушта посвежа воздушна маса, вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп9 часа

Хороскоп за среда (2 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Магазин11 часа

(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации

Македонскиот популарен фолк пејач од наше поднебје, Спасен Сиљаноски предмалку сподели прекрасно видео кое допира длабоко во душата. За порта.мк...

Македонија14 часа

(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи...

Lifestyle22 часа

Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани

Експертите препорачуваат дека миењето коса секој ден во лето може да биде корисно, особено во топлите месеци. • Зошто секојдневно...

Lifestyle22 часа

Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи

Ако сакате домашно печиво што ќе го надмине вкусот на она од пекарница, овие путерски кифли се вистинскиот избор. Меки...

Магазин22 часа

YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори

Од јули 2025 година, YouTube воведува нови правила што ќе влијаат врз сите млади корисници кои емитуваат во живо на...

Магазин22 часа

Големо име на пазарот на мобилни телефони со Android се гаси по 15 години

LG – еден од некогаш водечките производители на паметни телефони со Android – ја завршува својата приказна по 15 години...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (1 јули)

ОВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека...

Македонија2 дена

МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој...

Магазин2 дена

Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“

Во време кога фитнесот станува сè поголем дел од секојдневниот живот, Adastra и Дејан Пауновски – „Pakigram“ ги здружуваат силите...

НАЈЧИТАНИ