Временска прогноза
Попоски најавува услови за ново невреме проследено со дожд, град и засилен ветер

До петок нашата територија ќе се наоѓа под влијание на ИЗРАЗЕНО ВЛАЖНА И НЕСТАБИЛНА ВОЗДУШНА МАСА. Во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните на многу места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд кој повторно може да услови поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова на граѓаните им советуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, а НАДЛЕЖНИТЕ и понатаму да бидат ПОДГОТВЕНИ за евентуална ВРЕМЕНСКА НЕПОГОДА.
Постабилна Атмосфера ќе имаме за време на викендот.
Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени, истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од утре попладне влажен бран од Медитеранот носи обилни врнежи од дожд, ладно време и засилен ветер

По краткотрајната стабилизација на времето која ни следува во Македонија, веќе од утре попладне и навечер (четврток 15 мај) и во петок (16 мај) под влијание на голем влажен бран од Медитеранот, кај нас насекаде ќе има нови пообилни врнежи од дожд. На повеќе места ќе наврне позначително количество на воден талог, локално и над 30 литри дожд.
– Утре (четврток 15 мај) повремено и особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, а во петок (16 мај) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Исто така во петок (16 мај) од север и од североисток кон Македонија ќе се спушта значително поладен воздух кој значително ќе ги спушти температурите, и тие ќе бидат далеку под просекот за месец мај.
Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, со што ќе се формира и снежна покривка (на повисоките височини над 1600/1700 метри со висина од над 10/15 cм).
Во Скопје и околината за време на овој голем Медитерански влажен бран ќе има врнежи од дожд, повремено пообилни и проследени со повремено засилен ветер (утре четврток 15 мај) од јужен и од јгуоисточен, а во петок (16 мај) од северен правец.
- Што се однесува до температурите, тие најниски ќе бидат во петок (16 мај) кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, меѓутоа, ноќта кон сабота тие дополнително ќе опаѓаат.
Потпросечните температури за месец мај ќе продолжат и за време на викендот, кога исто така ќе има појава на повремен локален дожд, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места и на планините и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.
Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.
Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (15 мај)
-
Македонија2 дена
Измена на режим на сообраќај, пат Охрид-Кичево поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема
-
Кичево12 часа
Денес кичевчани по трет пат ќе протестираат за дивата депонија, долгогодишен проблем кој се наоѓа речиси до живеалиштата
-
Временска прогноза2 дена
Од утре попладне влажен бран од Медитеранот носи обилни врнежи од дожд, ладно време и засилен ветер
-
Македонија6 часа
(ВИДЕО) МВР со апел за матурантите, на матурска прослава без автомобил!
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за петок (16 мај)
-
Кичево1 ден
Културна и вселенска магија во Кичево – Финале од проектот „Interstellar Expressions“
-
Македонија12 часа
Дизелот од ноќеска поскапува, ова е новата цена