Следете не

Временска прогноза

Попоски препорачува претпазливост поради можна појава на невреме од обилен дожд, силен ветер и грмежи – ова се последните вести за времето

Објавено пред

на

Со продорот на значително постуден воздух од север, кој ќе се судри со летната топла воздушна маса од југ над нашата територија денес и тоа особено попладне, навечер и во текот на ноќта кон недела на повеќе места ќе услови врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Можна е појава и на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд (околу 20 л/м2), силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Во почетокот на следната седмица пак ќе имаме постабилно, но ветровито време со ветер од северен правец. Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Во Скопскиот регион исто така ќе има појава на повремен  дожд денес попладне, навечер и во текот на ноќта кон недела а ќе имка услови и за појава на грмежи проследени со засилен ветер, што значи дека заладувањето нема да го одмине ниту главниот град.

Временска прогноза

Попоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Vernon Raineil Cenzon

Уште од самиот почеток на следната седмица судејќи според понатамошните нови излези на прогностичките модели ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон со центар над Џенова и истиот ќе условува следната седмица да имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер.

Од она што во моментов можам да го кажам за јавноста е тоа дека ќе наврне големо количество на дожд во текот на следната седмица во Македонија. Сепак и покрај ова ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење и сето ова ќе услови да имаме температури над просекот за месец ноември.

Се на се, овие врнежи кои ги најавувам за следната седмица и тоа како може да создаваат проблеми и поплави во регионот, а можни поројни локални поплави се можни и во нашата држава, информира утрово Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса од утре (среда 12 ноември) па се до крајот на оваа недела во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко а наутро ќе биде и значително поладно поради разведрувањето со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или за неколку степени под нулата па така на повеќе места во нашата Македонија очекувам појава на утрински мраз и на слана.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време во погоре споменатиот период. Наутро ќе биде значително поладно со температура која ќе се спушта близу 0 степени а преку ден максималната температура ќе се искачува до околу 15/16 степени.

Да напомнеам дека во ноќните и во претпладневните часови по котлините и по речлните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност која ќе условува и намалена видливост, односно локално маглата ќе биде и доста густа. Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, токму поради очекуваната густа магла по котлините и по речните долини, известува Славчо Попоски, најпознатиот метеороголот од Македонија.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен  ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час).

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец (до околу 60 км/час).

За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).

Што се однесува до температурите, тие нема да бидат многу ниски и ќе бидат околу или малку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Свет5 минути

Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја

Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани...

Спорт4 часа

Македонија ремизираше на пријателскиот натпревар против Летонија на „Тодор Проески“

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови на контролниот дуел против Летонија во Скопје, меч во кој создадовме неколку солидни...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за петок (14 ноември)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Балкан18 часа

Авион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска

Турскиот авион „Ер Трактор“ се урна попладнево во близина на Сењ, објавија хрватските медиуми, додавајќи дека е пронајдено телото на...

Фото: Fahmi Fakhrudin @ unsplash Фото: Fahmi Fakhrudin @ unsplash
Lifestyle1 ден

Колку кафе пиете дневно? Медицината вели дека ова се безбедни количини.

Кафето содржи стотици биоактивни соединенија и е еден од најбогатите извори на антиоксиданси – супстанции кои му помагаат на телото...

Фото: No Revisions @ unsplash Фото: No Revisions @ unsplash
Lifestyle1 ден

Како да ја направите вашата правосмукалка да трае подолго и да работи како нова

Добрата правосмукалка е клучна за чист и уреден дом, но многу луѓе несвесно ја оштетуваат или ја намалуваат нејзината ефикасност....

Фото: Dima Solomin @ unsplash Фото: Dima Solomin @ unsplash
Магазин1 ден

Pinterest претстави паметен асистент со вештачка интелигенција за пребарување и инспирација

Pinterest ја претстави новата функција Pinterest Assistant – дигитален асистент со вештачка интелигенција кој им помага на корисниците полесно да...

Занимливости1 ден

Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување

Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често...

Временска прогноза1 ден

Попоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер

Уште од самиот почеток на следната седмица судејќи според понатамошните нови излези на прогностичките модели ни следува нова голема промена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (13 ноември)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

НАЈЧИТАНИ