Временска прогноза
Значителен пад на температурите и дождови, еве за кога се најавите..

До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Исто така денес, а особено во сабота доцна попладне, навечер и во текот на ноќта на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од недела, па во текот на следната седмица ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец, а температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, што значи дека ќе следува ПОГОЛЕМО заладување на времето.
И во Скопје особено во сабота доцна попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд а од недела ќе дува силен северозападен ветер а температурите позначително ќе опаѓаат.
До сабота температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека како што претходно кажавме потоа ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.
Европските алпи се покриени со снег среде јули.
Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.
Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на покрупен град.
– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд

Викендов во Македонија и понатаму ќе биде под влијание на многу топлиот бран кој продира од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува на интензитет. И во Скопскиот регион викендов ќе имаме претежно сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, како и негово повремено засилување на интензитет.
Сепак, поради продор на поладен воздух од север на висина, утре (недела 6 јули) во попладневните часови ќе имаме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час), силни електрични празнења и со услови за појава на град кој би можел да биде и покрупен.
Ваквите поинтензивни атмосферски процеси особено ќе ги има во планинските предели.
Што се однесува до температурите, тие викендов и понатаму насекаде низ нашата Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие локално повторно ќе надминуваат 40 степени. И во Скопје и околината температурата викендов ќе достигне до околу 40 степени, или ќе надминува 40 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова, апелирам, осоебно оние повозрасните граѓани без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот).
Исто така, на граѓаните ги советувам да пијат и повеќе течности за време на овие големи летни горештини, утрово информираше Славчо Попоски
-
Кичево18 часа
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“
-
Кичево2 дена
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (8 јули)
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за среда (9 јули)
-
Македонија2 дена
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Lifestyle1 ден
Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена
-
Временска прогноза6 часа
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!