Временска прогноза
Попоски препорачува претпазливост поради можна појава на невреме од обилен дожд, силен ветер и грмежи – ова се последните вести за времето
Со продорот на значително постуден воздух од север, кој ќе се судри со летната топла воздушна маса од југ над нашата територија денес и тоа особено попладне, навечер и во текот на ноќта кон недела на повеќе места ќе услови врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Можна е појава и на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд (околу 20 л/м2), силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
Во почетокот на следната седмица пак ќе имаме постабилно, но ветровито време со ветер од северен правец. Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
Во Скопскиот регион исто така ќе има појава на повремен дожд денес попладне, навечер и во текот на ноќта кон недела а ќе имка услови и за појава на грмежи проследени со засилен ветер, што значи дека заладувањето нема да го одмине ниту главниот град.
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево1 ден
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Автомобили1 ден
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин1 ден
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Социјални мрежи43 минути
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите
-
Автомобили1 ден
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?