Временска прогноза
Попоски: Силно невреме му се заканува на Балканскиот полуостров, односно БиХ, соседна Србија и Хрватска
Атмосферата е премногу загреана и тоа поради повеќе дневното присуство на екстремно топлиот бран од Африка, од друга страна продорот на значително посвеж воздух од Атлантикот преку западна и северозападна европа, потоа преку централна европа и Алпскиот регион ќе предизвика формирање на секундарен висински циклон над Средоземјето.
Во ваква ситуација, утре 22,06.2024 во попладневните часови во источна Хрватска, северните и источните предели на Босна и Хрцеговина, како и западна и централна Србија ќе бидат на удар на локални силни временски непогоди, кои дури би можеле да бидат опасни и по човечкиот живот. Овие временски непогоди ќе се задржат и во недела, како и во почетокот на следната седмица, но со тоа што ќе ги има многу повеќе и на повеќе места на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија.
Од појави ќе има, обилни поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, бурен ветер, како и со појава на крупен град. Да напоменеме дека можни се и штети, како и локални поројни поплавувања.
Апелираме, граѓаните во овие предели , секако и нашите граѓани кои се таму да бидат крајно внимателни, и во случај на појава на силно невреме и на силни електрични пранзења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја, а автомобилите во случај на појава на крупен град исто така да се заштитат. Во ваква ситуација, можно е формирање и на Суперќелијски облаци во одредени места од споменатите области, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести
Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, во текот на ноќта среда кон четврток (15/16 октомври) во четврток во текот на денот и во петок (16/17 октомври) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои локално и повремено ќе бидат пообилни па така за време на овој период локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.
Температурите во погоре споменатиот период повторно ќе бидат во опаѓање, особено максималните дневни температури на воздухот и тие повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени а во Скопје максимумот на температурата ќе се искачува до околу 13 степени.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Да напоменам дека поради продорот на поладен воздух од североисток и од исток, на највисоките планински врвови (над 2000 метри) во Македонија ќе има услови за повремен снег, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Пред нас динамична Есен, снегот може да подрани оваа година
Ни започнува есента, според она што можам да го кажам за пртстојната есен 2025, според Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) не очекува динамична атмосфера над нашиот дел од Европскиот Континент. Тоа значи дека ни следува многу променлива есен, ќе има и почести врнежи од дожд и пониски температури на воздухот за разлика од изминатите години, сепак и порај ова не значи дека нема да имаме топли есенски денови со многу сонце.
Особено повеќе врнежи може да очекуваме во почетокот, како и во втората половина од есента.
Со оглед на тоа дека на Пацификот значително зајакна Ла Ниња (Ладниот Климатолошки феномен) и токму ова ќе трае во текот на оваа есен како и во зимските месеци, треба да очекуваме почести ладни продори од север, особено во втората половина од есента, а повремени ладни продори ќе имаме по се изгледа и во првата половина од есента. Со ова треба да очекуваме дека снегот оваа година може да ни присатигне порано, и тоа уште во ноември месец и во пониските предели, додека на планините снегот треба да го очекуваме уште во октомври месец.
НАПОМЕНА: Долгорочните анализи на времето се со помала веројатност за остварување во целост, тоа значи дека промени во анализата се можни, токму поради ова граѓаните да ги следат моите краткорочни метео анализи кои се со 90% па и повеќе од 90% со можност за остварување, за Порта.мк истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Нов влажен бран проследен со ладен воздух веќе од среда се очекува кон наша територија
Од среда (15 октомври) па во деновите потоа територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов влажен и поладен воздушен бран од исток и од североисток. Во ваква ситуација ќе имаме зголемена облачност која ќе услови врнежи од дожд во поголем дел од Македонија. Повремено и локално врнежите ќе бидат пообилни а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие остануваат да бидат малку под просекот за овој период од годината. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени а преку ден пак тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени, информираше Славчо Попоски
-
Хороскоп16 часаХороскоп за четврток (16 октомври)
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (15 октомври)
-
Временска прогноза1 денДоаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести
-
Хроника1 денПочина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
-
Храна1 денСовет од експерти: Како правилно да складирате компири во текот на есента
-
Магазин1 денInstagram тестира нов изглед на апликацијата со нови табови за Reels и пораки
-
Автомобили19 часа(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“
-
Македонија13 часа18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007
