Следете не

Временска прогноза

Попоски за денес во попладневните часови најавува ново невреме во овој крај од Македонија

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови и тоа особено во западните и во јужните предели ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа до самиот крај од оваа недела под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места низ Македонија ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време позначително количество на воден талог кое може да услови и локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие до петок ќе бележат тенденција на пад и најсвежо ќе биде токму во петок кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Потоа од сабота температурите повторно ќе бележат тенденицја на постепен пораст.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во следниот период повторно очекуваме МНОГУ НЕСТАБИЛНО време во Македонија, во случај на појава на електрични празења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета. Исто така поради доста интензивните врнежи во следниот период, можни се локални поројни поплавувања, па затоа граѓаните да внимаваат токму и на ова.

Временска прогноза

Попоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Vernon Raineil Cenzon

Уште од самиот почеток на следната седмица судејќи според понатамошните нови излези на прогностичките модели ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон со центар над Џенова и истиот ќе условува следната седмица да имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер.

Од она што во моментов можам да го кажам за јавноста е тоа дека ќе наврне големо количество на дожд во текот на следната седмица во Македонија. Сепак и покрај ова ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење и сето ова ќе услови да имаме температури над просекот за месец ноември.

Се на се, овие врнежи кои ги најавувам за следната седмица и тоа како може да создаваат проблеми и поплави во регионот, а можни поројни локални поплави се можни и во нашата држава, информира утрово Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса од утре (среда 12 ноември) па се до крајот на оваа недела во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко а наутро ќе биде и значително поладно поради разведрувањето со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или за неколку степени под нулата па така на повеќе места во нашата Македонија очекувам појава на утрински мраз и на слана.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време во погоре споменатиот период. Наутро ќе биде значително поладно со температура која ќе се спушта близу 0 степени а преку ден максималната температура ќе се искачува до околу 15/16 степени.

Да напомнеам дека во ноќните и во претпладневните часови по котлините и по речлните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност која ќе условува и намалена видливост, односно локално маглата ќе биде и доста густа. Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, токму поради очекуваната густа магла по котлините и по речните долини, известува Славчо Попоски, најпознатиот метеороголот од Македонија.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен  ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час).

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец (до околу 60 км/час).

За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).

Што се однесува до температурите, тие нема да бидат многу ниски и ќе бидат околу или малку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за петок (14 ноември)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Балкан5 часа

Авион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска

Турскиот авион „Ер Трактор“ се урна попладнево во близина на Сењ, објавија хрватските медиуми, додавајќи дека е пронајдено телото на...

Фото: Fahmi Fakhrudin @ unsplash Фото: Fahmi Fakhrudin @ unsplash
Lifestyle14 часа

Колку кафе пиете дневно? Медицината вели дека ова се безбедни количини.

Кафето содржи стотици биоактивни соединенија и е еден од најбогатите извори на антиоксиданси – супстанции кои му помагаат на телото...

Фото: No Revisions @ unsplash Фото: No Revisions @ unsplash
Lifestyle14 часа

Како да ја направите вашата правосмукалка да трае подолго и да работи како нова

Добрата правосмукалка е клучна за чист и уреден дом, но многу луѓе несвесно ја оштетуваат или ја намалуваат нејзината ефикасност....

Фото: Dima Solomin @ unsplash Фото: Dima Solomin @ unsplash
Магазин14 часа

Pinterest претстави паметен асистент со вештачка интелигенција за пребарување и инспирација

Pinterest ја претстави новата функција Pinterest Assistant – дигитален асистент со вештачка интелигенција кој им помага на корисниците полесно да...

Занимливости16 часа

Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување

Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често...

Временска прогноза17 часа

Попоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер

Уште од самиот почеток на следната седмица судејќи според понатамошните нови излези на прогностичките модели ни следува нова голема промена...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (13 ноември)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Македонија1 ден

Нов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди

На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „4 Ноември“, ул. „Влатко Миленковски“...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин2 дена

Вашиот WhatsApp станува неосвоив – новата функција целосно ги блокира непознатите контакти

WhatsApp воведува нова безбедносна функција што им овозможува на корисниците целосна заштита од спам и потенцијални измами. Новата опција, наречена...

НАЈЧИТАНИ