Временска прогноза
Денешниот ден ќе биде најтопол, од утре нова промена на времето

Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне и навечер ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Попладне и навечер во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 36 степени.
Потоа под влијание на ИЗРАЗЕНА влажна и нестабилна воздушна маса, во текот на новата седмица која што ни претстои времето во Македонија ќе биде ОСОБЕНО НЕСТАБИЛНО, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд (за релативно кратко време поголемо количество на воден талог кое може да услови локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде од поголем пречник. Температурите ќе бележат тенденција на опаѓање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во следниот период повторно очекуваме циклон над Македонија и многу нестабилно време, во случај на појава на електрични празења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..

Под влијание на многу топлата воздушна маса од Африка, до четврток времето во Македонија ќе се задржи многу топло и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови и понатаму во следните денови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, а малку пониски температури ќе имаат северните и североисточните предели од државава.
Освежување на времето, засилен северен ветер, како и нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи и нестабилност ќе има во петок. Исто така од петок температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.
Локални врнежи и нестабилност ќе има и за време на викендот. И во Скопскиот регион од петок па натаму температурите позначително ќе опаднат.
Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер, а и понатаму ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите

Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и во текот на следните неколку денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер, силни и чести електични празнења, интензивен пороен дожд и со појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени а Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.
И во Скоспкиот регион ќе имаме слично време, повремено со услови за попладневна локална нестабилност. Освежување на времето ќе има од петок, односно од 8 јули и тоа проследено со пад на температурите и со засилен северен ветер – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Многу топло цела седмица, додека во попладневните часови ќе има активна дестабилизација

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица продолжува периодот на многу топло и сончево време. Сепак, во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на краткотрајно невреме.
Температурите ќе се движат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели ќе се искачат и до 40 степени.
УВ-индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па токму поради ова препорачуваме да се заштитувате – за Еспресо вели Славчо Попоски и напоменува дека поради релативно високата влажност во воздухот, во следниот период температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Кичево1 ден
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево
-
Магазин1 ден
iPhone 14 ќе руши различни рекорди, еден од нив е цената
-
Хроника4 часа
Во близина на авто-камп Струга во охридско езеро, било забележано удавено лице
-
Автомобили4 часа
Автомобилите на Tesla конечно се подготвени за македонските патишта, ја добија опцијата за откривање дупки
-
Македонија1 ден
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените
-
Временска прогноза1 ден
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..
-
На денешен ден17 часа
6 јули – На денешен ден