Временска прогноза
Викенд временска прогноза, можна дестабилизација и невреме!

Денес како што најавивме времето во Македонија ќе биде сончево и ДОСТА ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови во планинските предели не се искачува можноста за појава на локален краткотраен пороен дожд со грмежи.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.
И во Скопскиот регион утре времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 29 степени.
Потоа за време на викендот во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна појава на НЕВРЕМЕ проследено со СИЛЕН ВЕТЕР и со појава на град.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат високи и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Шпанија се подготвува за температури од 42 степени

Температурите во делови од јужна Шпанија утре ќе надминат 42 степени, додека топлотниот бран со „вонреден интензитет“ ќе донесе правливо небо, зголемен ризик од шумски пожари и топли услови кои се почести во средината на летото отколку во средината на мај.
Шпанската влада започна национален план за екстремни температури, откако метеоролошката агенција Аемет предупреди дека овој мај во Шпанија ќе биде еден од најтоплите во изминатите неколку години, објави „Гардијан“.
Аемет додаде дека воздушната маса на топол и сув воздух пристигнува од Африка, а со себе носи прашина од Сахара и „исклучително високи“ дневни температури, кои се за 10 до 15 степени над сезонскиот просек.
„Најновите податоци од метеоролошките модели го потврдуваат силниот интензитет на овој топлотен бран“, изјави портпаролот на Аемет, Рубен дел Кампо.
Тој додаде дека за Шпанија ова може да биде најинтензивниот топлотен бран во мај во последните 20 години.
Најтопло ќе бидат петок и сабота, а потоа во недела ќе има голем пад на температурата.
Метеорологот соопшти дека температурите во Андалузиската долина денеска би можеле да надминат 40, а утре 42 степени.
„Дури и топлотниот бран да се смири некаде, во североисточната долина Ебро повторно би можеле да се измерат температури од 40 или повеќе степени. Тоа е нешто што не е забележано во овој период“, додаде Дел Кампо.
Шпанија ја забележа најтоплата температура досега во август, кога живата во термометарот во градот Монторо во Андалузија достигна 47,4 степени.
Дел Кампо ги предупреди граѓаните на „екстремен ризик“ од шумски пожари во јужните, централните и североисточните области и рече дека очекуваат нов облак од прашина.
„Се соочуваме со екстремна епизода и ризикот од високи температури ќе биде изразен во многу области“, рече Дел Кампо.
/rtv.rs/
Временска прогноза
Следуваат многу топли денови, но нестабилноста не е исклучена на овие места

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски, утре ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево време, додека во недела, како и во првите денови од следната недела во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град.
Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ, и тоа поради продорот на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка во нашата држава, и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.
Временска прогноза
Денес и утре по свежо време, додека викендот пред нас доаѓа топлотен бран со високи температури!

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и малку посвежо за разлика од вчера со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе дува и засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 27 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен локален дожд проследен со ретки грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.
Потоа утре и понатаму ќе се задржи посвежото време, а особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од само 2 до 10 степени. Максималните дневни пак ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така од утре до сабота времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, а услови за поладневна локална нестабилност ќе има во недела.
Што се однесува до температурите тие од петок па за време на викендот повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава, и за викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Автор за Порта.мк: Славчо Попоски
-
Кичево15 часа
Удрен пешак од кичевско село, истиот се здобил со повреди констатирани во Медицински центар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (20 мај)
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за сабота (21 мај)
-
Временска прогноза18 часа
Следуваат многу топли денови, но нестабилноста не е исклучена на овие места
-
Магазин2 дена
WhatsApp спреми големо ажурирање
-
Кичево2 дена
15 Години Conquering Lion во Република 96250
-
На денешен ден2 дена
19 мај – На денешен ден
-
Магазин17 часа
Употребата на мобилни телефони од страна на децата забележа најбрз раст во последните четири години